ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/03 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 10 ноември
  • Седмица што почнува од 17 ноември
  • Седмица што почнува од 24 октомври
  • Седмица што почнува од 1 декември
Нашата служба за Царството 2003
km 11/03 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 10 ноември

Песна 212

10 мин: Локални известувања и избрани известувања од Наша служба за Царството. Нека има еден реалистичен приказ како да се користи предлогот на 4. страница за да се презентира Стражарска кула од 15 ноември на вашето подрачје. Иако се презентира само Стражарска кула, треба да се понудат две списанија едно во друго. Во презентацијата нека биде вклучено објаснување за тоа како се финансира нашето светско дело. (Види во Стражарска кула, 2. страница.)

15 мин: „Покажете се подготвени.“a Замоли ги присутните да коментираат за тоа што им помага да не им дозволат на грижите и пречките на сегашниот систем на работи да им го одземат времето што би било подобро да го поминат во духовни стремежи.

20 мин: Како го избираш своето друштво? Дискусија со присутните што се темели на книгата Обожавај го Бог, страници 48, 49. Користејќи ги прашањата и наведените стихови во 13. пасус, замоли ги присутните да коментираат за библиските начела што треба да нѐ водат кога го избираме своето друштво.

Песна 127 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 ноември

Песна 96

12 мин: Локални известувања. Интервјуирај двајца или тројца објавители што имале интересни искуства во службата на теренот користејќи ја тековната понуда на литература. Некои можеби можеле да започнат библиски студии.

15 мин: Развивај дух на давање. Говор на еден старешина што се темели на Стражарска кула од 1 ноември 2003, страници 27—30.

18 мин: „Пофалбата зајакнува.“b Вклучи коментари од книгата Семејната среќа, страници 49, 50, пасус 21. Замоли за кратки коментари од поединци што биле охрабрени од зборовите на пофалба од страна на другите.

Песна 58 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 октомври

Песна 213

12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Користејќи ги предлозите на 4. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 декември и Разбудете се! од 8 декември. Може да се користи и друг стих освен оној што е предложен на 4. страница. И во обата случаи треба да се понудат двете списанија иако се презентира само едното. Во една од презентациите, прикажи како неформално се нудат списанија во јавен превоз или во некоја друга прилика што е пригодна локално.

10 мин: Рубрика прашања. Говор на старешина.

23 мин: „Да се негува блискост со Јехова.“c Користи ги дадените прашања. Замоли ги присутните да коментираат за тоа како се применуваат стиховите. Договори однапред еден или двајца да коментираат за тоа што им помогнало да го подобрат квалитетот на своето лично проучување на Библијата.

Песна 202 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 1 декември

Песна 138

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите од служба на теренот за ноември. Спомни ја понудата на литература за декември. Повтори накратко една или две предложени презентации. Објасни како можат објавителите да го користат Индекс на публикации на Watch Tower за да најдат дополнителни презентации.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Соодветно оспособени да ги поучуваме другите. Дискусија со присутните што се темели на Стражарска кула од 1 јуни 2000, страници 16 и 17, пасуси 9—13. Главна цел во нашата служба е да бидеме способни да поучуваме делотворно. Дали ќе бидеме успешни во тоа да им помагаме на луѓето слични на овци зависи од нашата способност да ја пренесеме пораката за Царството на начин што ги поучува и што ги мотивира. Дискутирај за следниве прашања: 1) Која е разликата помеѓу проповедањето и поучувањето? (it-2 стр. 672, пас. 2). 2) Зошто некои се колебаат да се обидат да водат библиска студија? 3) Како можеме да ја подобриме нашата способност да поучуваме? 4) Како можеме да се погрижиме нашиот студент да го разбере она што го учи? 5) Која цел треба да се обидеме да му помогнеме на студентот да ја постигне?

Песна 70 и заклучна молитва.

[Фуснота]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели