Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 12 јули
12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи го предлогот на 4. страница покажи како да се презентира Стражарска кула од 15 јули. Во презентацијата прикажи како да му се понуди списание на некој на улица што не го зборува добро твојот јазик.
18 мин: „Имитирај ја Јеховината правда.“a Доколку дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
15 мин: Библијата — книга со веродостојни предвидувања. Говор и дискусија со присутните темелена на брошурата Книга за сите луѓе, страници 27—29. Во нашата служба честопати среќаваме луѓе кои се заинтересирани за иднината. Библијата дава веродостојни информации во кои е прикажана светла иднина за послушното човештво. Разгледај некои библиски пророштва што ја зајакнуваат довербата во библиските предвидувања за иднината. Еден објавител нека прикаже накратко како можат да се користат библиските настани за да му се помогне на некое заинтересирано лице да стекне доверба во Библијата.
Песна 16 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 19 јули
10 мин: Локални известувања. Дискутирај за тоа колку е важно да се задржи редовна програма на секојдневно читање на Библијата, дури и кога летните активности ни ја нарушуваат вообичаената рутина. Вклучи коментари од Стражарска кула од 15 август 2000, 32. страница.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Водење напредни библиски студии — дел 1.“ Говор што треба да го одржи надгледникот за служба. Дозволи им на присутните да коментираат за материјалот од книгата Proclaimers (Објавители), страници 572—574, во кој е опишан развојот на делото на библиски студии во современа доба. Зголеми го интересот за претстојниот циклус статии. Некои од темите што ќе бидат разгледани се како да се подготвиме за да ја водиме студијата, како да му помогнеме на студентот да се подготви, колку материјал да се обработи, како делотворно да се користат стиховите, како да се одговори на прашањата што ќе ги постави студентот, како да се воведе молитва и како да се упати студентот кон организацијата. Охрабри ги сите да ги применуваат предлозите што се дадени и да си ги зачуваат овие статии за кога ќе им притребаат во иднина.
Песна 10 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 26 јули
12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за јули. Користејќи ги предлозите на 4. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 август и Разбудете се! од 8 август. И во двата случаи, прикажи различни начини на кои може да се одговори на приговорот „Зошто доаѓате толку често?“ (Види во книгата Расправљање, 20. страница.)
8 мин: Рубрика прашања. Да го одржи еден старешина. Прочитај ја и дискутирај за целата статија.
25 мин: „Како да се проповеда на деловно подрачје.“b Спомни ги локалните подготовки за да се проповеда на деловно подрачје. Прикажи ги накратко двете презентации од 4. и 5. пасус или некој друг пристап што е делотворен на локалното подрачје. Доколку дозволува времето, замоли ги присутните да раскажат позитивни искуства што ги имале од тоа што проповедале на деловно подрачје.
Песна 173 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 2 август
8 мин: Локални известувања.
22 мин: Дали наведуваш причини? Говор и дискусија темелена на книгата Школа за служба, 254. страница, пасуси 1 и 2. Кога ги објаснуваме и применуваме стиховите во службата на теренот и од подиумот, нашето поучување ќе биде поделотворно ако наведеме причини за она што го велиме наместо едноставно да тврдиме дека нешто е така. Користејќи примери од книгата Расправљање или од други публикации што одговараат на локалното подрачје, покажи како 1) да издвоиш и објасниш некои клучни изрази во стихот, 2) да изнесеш некои потпорни докази од контекстот или од некој друг стих што се занимава со таа тема, 3) да користиш илустрации за да покажеш дека е разумно она што си го кажал и 4) да користиш прашања што ќе ѝ помогнат на твојата публика да резонира за тоа. Истакни кои се користите од пристапот на резонирање.
15 мин: Локални искуства. Замоли ги присутните да раскажат некои изградувачки искуства во врска со присуството на обласниот конгрес, од помошната пионерска служба или од учеството во други духовни активности досега ова лето.
Песна 32 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.