Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 октомври 2004. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 6 септември до 25 октомври 2004.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Како да задржиме позитивен тон кога држиме говор за некој аспект на нашата христијанска активност? [be стр. 203 пас. 3, 4].
2. Што е повторување, и зошто е важно? [be стр. 206 пас. 1—4].
3. Како можеме да ја нагласиме темата на нашите говори? [be стр. 210, пас. 1—5, рамка].
4. Како можеме да одредиме кои се главни точки во некој говор што ни е доделен да го одржиме? [be стр. 212 пас. 1—4].
5. Зошто треба да внимаваме да немаме премногу главни точки? [be стр. 213 пас. 2—4].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Кои настани пред Потопот можеби им отежнале на луѓето да веруваат дека на сѐ околу нив ќе му дојде крај? [w 1.3.02 стр. 5, 6].
7. Зошто е вредно да се забележи дека современиците на Исус му се обраќале со „Учителе“ а не со „Исцелителе“? (Лука 3:12; 7:40) [w 1.5.02 стр. 4 пас. 3; стр. 6 пас. 6].
8. На кој начин Пословици 11:24, 25 ја нагласуваат вредноста на потполното учество во службата на теренот? [w 15.7.02 стр. 30 пас. 3—5].
9. Кое морално прашање било покренато со побуната во Еден, и какви се резултатите од таа побуна? (Бит. 3:1—6) [w 1.10.02 стр. 5 пас. 6; стр. 6 пас. 2, 3].
10. Како е одреден датумот за обновата на вистинското обожавање во Ерусалим? [si стр. 284 пас. 5].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Бидејќи Јехова бил тој што му рекол на Валаам да оди со луѓето на Валак, тогаш зошто се налутил што Валаам отишол со нив? (Бро. 22:20—22).
12. Може ли мажот на христијанката да ги поништи нејзините завети? (Бро. 30:6—8).
13. Што претставуваат ‚градовите-прибежишта‘ денес? (Бро. 35:6, NW) [w 15.11.95 стр. 17 пас. 8].
14. Дали треба да се сфати дословно заповедта од Второзаконие 6:6—9, каде што се вели дека ‚Божјиот закон треба да се врзе на раката за знак, и да биде како запис меѓу очите‘?
15. Дали изразот „твојата облека на тебе не се искина“ значи дека Израелците едноставно си ја заменувале облеката со нова? (Втор. 8:4).