Известувања
◼ Октомври: Специјална кампања за да се презентира новата брошура, но ќе се нудат и поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! во текот на целиот месец. Таму каде што ќе биде покажан интерес, нека се понуди брошурата Бара, и нека се следи интересот со цел да се започнат домашни библиски студии. Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од големиот учител. Ако лицето рече дека нема деца, нека се понуди брошурата Бара. Ќе се сосредоточиме на тоа да ја користиме брошурата за да започнеме домашни библиски студии. Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Јануари: Може да се понуди која и да било книга од 192 страници што била издадена пред 1990 година. Ако нема постари книги на располагање, нека се понуди книгата Човештвото во потрага по Бог.
◼ Додатокот на ова издание на Наша служба за Царството е „Распоред за Теократската школа за служба за 2005“ и треба да се чува за користење во текот на 2005 година.
◼ Бетелската канцеларија не исполнува нарачки за литература на поединечни објавители. Претседавачкиот надгледник треба да направи подготовка секој месец, пред да се испрати нарачка за литература до канцеларијата, да се даде известување така што сите кои се заинтересирани да набават литература за лична употреба ќе можат да го известат братот што работи на литература. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.