Известувања
◼ Ноември: Ќе се нуди книгата Учи од големиот учител. Ако лицето рече дека нема деца, нека се понуди брошурата Бара. Ќе се сосредоточиме на тоа да ја користиме брошурата за да започнеме домашни библиски студии. Декември: Ќе се нуди книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел. Јануари: Може да се понуди која и да било книга од 192 страници што била издадена пред 1990 година. Ако нема постари книги на располагање, нека се понуди книгата Човештвото во потрага по Бог. Февруари: Ќе се нуди книгата Приближи му се на Јехова.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е одреден од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 декември или колку што е можно побрзо по тоа. Кога ќе се направи ова, треба да се даде известување пред собранието заедно со следниот сметководен извештај.
◼ Собранијата треба да почнат да нарачуваат повези на Стражарска кула и на Разбудете се! за 2004 со нивната следна нарачка на литература. Повезите ќе бидат на располагање на англиски, германски, хрватски и на другите главни јазици.
◼ Почнувајќи од седмицата од 23 мај 2005, на собраниска студија на книга ќе ја проучуваме брошурата Бдејте!
◼ Неопходно е Бетелската канцеларија да има најнов список на адресите и телефонските броеви на сите претседавачки надгледници и на секретарите. Ако има некаква промена, собранискиот службен одбор треба веднаш да ја извести Бетелската канцеларија за тоа.