Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 февруари 2005. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 јануари до 28 февруари 2005.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Како можеме да зборуваме поразбирливо? [be стр. 226 пас. 1 до стр. 227 пас. 1].
2. Кои видови термини можеби ќе треба дополнително да се објаснат? [be стр. 227 пас. 2 до стр. 228 пас. 1].
3. Кој пристап ќе ни помогне да го изнесеме материјалот на начин што навистина ќе биде информативен за нашите слушатели? [be стр. 231 пас. 1–3].
4. Кога читаме некој познат стих, што можеме да сториме за да биде информативен за слушателите? [be стр. 231 пас. 4, 5].
5. Каков може да биде резултатот ако ги охрабриме слушателите да се сосредоточат на деталите во некој познат библиски извештај? [be стр. 232 пас. 2–4].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Што е вклучено во тоа да се поучат луѓето да ‚се бојат од Бога и да ги исполнуваат Неговите заповеди‘? (Проп. 12:13) [be стр. 272 пас. 3 до стр. 273 пас. 1].
7. Како можеме да свртиме внимание не само на името Јехова туку и на личноста што го носи тоа име? (Јоил 3:5) [be стр. 274 пас. 3–5].
8. Колку е важно да се стекнува спознание за Исус и да се сведочи за него? (Јован 17:3) [be стр. 275 пас. 4].
9. Како одобрениот однос со Бог и разбирањето на Библијата е директно поврзано со разбирањето на улогата на Исус? [be стр. 276 пас. 2].
10. Како можеме да покажеме дека навистина веруваме дека Исус Христос е Цар? [be стр. 277 пас. 4].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Дали Тара, таткото на Авраам, бил обожавател на идоли? (Ис. Нав. 24:2).
12. Дали Гедеон немал доволно храброст за да ја изврши задачата што му ја дал Јехова? Зошто одговараш така? (Суд. 6:25–27).
13. Што можеме да научиме од начинот на кој Гедеон му се обратил на племето Ефрем? (Суд. 8:1–3).
14. Што значело тоа што луѓето од Гаваја не биле спремни да покажат гостољубивост? (Суд. 19:14, 15).
15. Ако ‚секој го правел тоа што му се чинело дека е справедливо‘, дали ова водело кон безредие? (Суд. 21:25).