Известувања
◼ Февруари: Ќе се нуди книгата Приближи му се на Јехова. Како алтернатива можат да се нудат книгите Создавање или Откровение. Март: Ќе се нуди брошурата Бдејте!. Ако е покажан искрен интерес, понуди ја книгата Спознание и обиди се да започнеш библиска студија. Април и мај: Ќе се нудат поединечни изданија од Стражарска кула и Разбудете се!.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 март или колку што е можно побрзо после тоа.
◼ Секретарот и надгледникот за служба треба да ја разгледаат активноста на сите општи пионери. Ако на некои од нив им е тешко да го исполнат барањето за часови, старешините треба да направат подготовки да им се помогне. За предлози, разгледај ги годишните писма од Заедницата (S-201).
◼ Темата на специјалното предавање во сезоната на Меморијалот за 2005 ќе биде „Зошто Исус страдал и умрел“ Види ги известувањата во врска со тоа во Наша служба за Царството од септември 2004.
◼ Бетелската канцеларија не исполнува нарачки за литература на поединечни објавители. Пред да се испрати собраниската нарачка за литература до бетелската канцеларија, претседавачкиот надгледник треба да организира секој месец да се даде известување, така што сите кои се заинтересирани да набават литература за лична употреба ќе можат да го известат братот кој се грижи за литературата. Ве молиме, имајте на ум кои публикации спаѓаат во специјална нарачка.