Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 14 март
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Поттикни ги сите да го гледаат DVD-то Давид — тој имал доверба во Бог за да се подготват за Состанокот за служба од седмицата од 4 април. Ако предлозите од 6. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 март. Може да се користат и други практични презентации. Во презентацијата, прикажи како се прави повторна посета при редовна обиколка со списанија. На крајот од презентацијата, употреби ја последната страница од Стражарска кула од 15 март за да го потсетиш станарот за одбележувањето на претстојниот Меморијал.
20 мин: „Поголем нагласок на Библијата!“a
15 мин: Помагало за да нѐ зајакне. По уводот од една минута или помалку, води дискусија со присутните за Годишникот за 2005. Медитирањето за Јеховините прекрасни дела во денешно време нѐ приближува кон него и кон нашите браќа низ целиот свет (Пс. 77:12-14). Тоа нѐ зацврстува да заземеме став против Ѓаволот, „цврсти во верата“ (1. Петр. 5:8, 9). Тоа им помага на новите да развијат ценење за Јеховината организација. Покани ги присутните да раскажат некои мисли во кои уживале кога го читале Годишникот за 2005. Претходно договори се со еден или двајца објавители за да кажат како тие го планираат нивното читање на Годишникот.
Песна 137 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 21 март
10 мин: Локални известувања
15 мин: „Водење напредни библиски студии — дел 7.“b Кога ќе го подготвуваш овој дел, разгледај ја Стражарска кула од 15 јули, 2002 година, страница 27 пасус 5-6.
20 мин: Што е Армагедон? По уводот од една минута или помалку, води дискусија со прашања и одговори на темел на материјалот на страниците 38-42 од книгата Расправљање. Покани ги присутните да коментираат за прашањата со масни букви, користејќи ги цитираните и наведените стихови. Дискутирај како можеме да ги користиме овие информации во службата на подрачјето
Песна 109 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 28 март
10 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за март. Исто така, потсети ги сите да го гледаат DVD-то Давид — тој имал доверба во Бог и да се подготват за Состанокот за служба наредната седмица. Поттикни ги сите да ги поканат заинтересираните лица да присуствуваат на специјалното предавање на 10 април. Спомни ја понудата за литература за април и мај.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Понуда на Стражарска кула и Разбудете се! Разгледај ги предлозите за тоа како можеме да даваме повеќе списанија, во Наша служба за Царството, од февруари 2005 година, страница 8. Дискутирај за интересни мисли од тековните изданија од списанијата. Ако предлозите од 6. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 април и Разбудете се! од 8 април. Може да се користат и други практични презентации. Во секоја презентација објасни како е финансирано делото низ целиот свет. (Види Стражарска кула, стр. 2 или Разбудете се! стр. 5.)
Песна 116 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 4 април
5 мин: Локални известувања.
15 мин: Имајте љубов меѓу себе (Јован 13:35). Еден старешина нека одржи говор на темел на Стражарска кула од 1 фебруари, 2003 година, страници 15-18, пасуси 10-21. Како што е спомнато во понудата за литература за април и мај, поттикнати сме да се обидеме да започнеме библиска студија со оние коишто веќе ја проучувале книгата Спознание и брошурата Бара. Кажи како можат објавителите да соработуваат со старешините за да им помогнат на оние коишто се слаби.
25 мин: „Видеопрограма со трајна порака.“ Прочитај го Псалм 91:2 и 31:14 и многу кратко коментирај за секој од нив. Веднаш потоа започни дискусија со присутните со серија прашања за DVD-то Давид, користејќи ги сите прашања наведени во вториот пасус, како и поставените прашања во третиот пасус. На крајот заклучи со читање на Псалм 56:11.
Песна 36 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.