ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/05 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 9 мај
  • Седмица што почнува од 16 мај
  • Седмица што почнува од 23 мај
  • Седмица што почнува од 30 мај
  • Седмица што почнува од 6 јуни
Нашата служба за Царството 2005
km 5/05 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 9 мај

Песна 217

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот од 8. страница одговара за вашето подрачје, употреби го за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 мај. Во неа нека се прикаже како да се понуди списанието кога неформално се сведочи во јавен превоз. Може да се користи и друга практична презентација.

15 мин: Користи ја Божјата реч за да го достигнеш срцето. Да се одржи говор темелен на Стражарска кула од 1. февруари 2005 година, страници 28-31. Дискутирај за тоа како Исус го користел Писмото за да му помогне на Петар. Дискутирај како можеме да го следиме примерот на Исус кога има потреба да го промениме размислувањето и чувствата на нашите деца, на лицата со кои ја проучуваме Библијата, па дури и на нас самите.

20 мин: „Направи практичен семеен распоред.“ Во воведот кој не треба да е подолг од две минути, кажи која е вредноста од тоа да се има пишан распоред и дискутирај за тоа како да се пополни празниот распоред на 6 страница. Потоа нека следи дискусија со прашања и одговори за статијата „Семеен распоред за собраниските состаноци“. Замоли ги присутните да кажат како им успева да не дозволат другите активности да ги спречуваат да доаѓаат на собраниските состаноци. Во следните седмици ќе бидат разгледани дополнителни аспекти на семејниот распоред.

Песна 176 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 16 мај

Песна 201

10 мин: Локални известувања

15 мин: „Семеен распоред за служба на подрачјето со семејството.“a Замоли ги присутните да коментираат за користите од тоа редовно да се учествува во службата заедно како семејството.

20 мин: „Водење напредни библиски студии—дел 9.“b Кога ќе дискутираш за пасус 2, спомни една или две мисли од Наша служба за Царството, 8 страница, од декември 2004. Вклучи еден краток приказ како двајца ја проучуваат Библијата. Откако ќе ја заврши лекција 2 од брошурата Бара, водителот на студијата го прашува ученикот: „Како би му објаснил на некој пријател кое е името на Бог?“ Ученикот објаснува како би го користел Излез 34:5, 6, а потоа водителот на студијата го пофалува.

Песна 134 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 23 мај

Песна 194

12 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 јуни и Разбудете се! од 8 јуни. Може да се користи и друга практична презентација.

18 мин: „Близу е Јеховиниот ден.“c Кога ќе го подготвуваш овој дел погледни во книгата Даниеловото пророштво, 59 страница, пасус 28.

15 мин: “Семеен распоред за проучување со семејството.“d Договори се однапред со еден или двајца да раскажат како прават распоред за проучување со семејството и каков напор е потребен за да се држат за тоа.

Песна 152 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 30 мај

Песна 190

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба за мај. Спомни ја литературата за јуни. Ако предлозите одговараат за вашето подрачје, покажи како да се презентира понудата користејќи една или две од предложените презентации во Наша служба за Царството од јануари 2005 година. Може да се користат и други практични презентации.

20 мин: „Семеен распоред за дневниот стих“.e Замоли ги присутните да коментираат каква корист извлекува нивното семејство со тоа што заедно го разгледуваат дневниот стих и кој од распоредите е практичен за нив.

15 мин: Нека бидат раскажани или прикажани од подиум некои искуства од службата на проповедање што ги имавме во месеците март, април и мај. Однапред договори со еден или двајца да раскажат за трудот што го вложиле да го зголемат учеството во службата во текот на сезоната на Меморијалот и за благословите во кои уживале како резултат на тоа.

Песна 115 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 6 јуни

Песна 155

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Зголеми го интересот кај редовните читатели.“f Кога ќе дискутираш за пасус 3, обрни внимание на книгата Расправљање, страници 177-182. Објавителите можат го користат овој материјал за да се подготват да разгледаат по еден стих за тоа што ќе постигне Божјето царство. Вклучи приказ во кој еден објавител разгледува еден стих со некое лице на кое што редовно му носи списанија. Објавителот треба кратко да го објасни стихот и да го покаже неговото практично значење, за да му помогне на станарот точно да го разбере и да увиди колку овој стих ќе му користи во животот.

Песна 107 и заклучна молитва

[Фуснота]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

f Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели