Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 јуни 2005. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 2 мај до 27 јуни 2005.
ГОВОРНИ ОСОБИНИ
1. Зошто компарациите и метафорите се моќни алатки за поучување? (Бит. 22:17; Пс. 1:3; Јак. 3:6) [be стр. 240 пас. 2-4, рамка].
2. Каде можеме да најдеме примери коишто нѐ поучуваат за вредни лекции, но при тоа на што треба да внимаваме? [be стр. 242 пас. 1-2].
3. Што треба да имаме на ум кога ќе избираме илустрации кои ќе бидат најделотворни? [be стр. 244 пас. 1-2].
4. Зошто треба да користиме визуелни помагала во поучувањето и како Јехова го правел тоа? [be стр. 247 пас. 1-2, рамка].
5. Како можеме да користиме визуелни помагала во службата на проповедање? [be стр. 248 пас. 1 — стр. 249 пас. 2].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Какви упатства има во Божјата Реч во врска со образованието на децата? [w 15.3.03 стр. 12 пас. 2; стр. 14 пас. 4].
7. Како Јехова покажал интерес за Давид додека тој бил млад и како Давид покажал интерес за Јехова? [w 15.04.03 стр. 29 пас. 3; стр. 30 пас. 3].
8. Зошто Јехова ја забележал жртвата на Авел и за што нѐ уверува тоа? (Бит. 4:4) [w 1.5.03, стр. 28 пас. 4 — стр. 29 пас. 1].
9. Што е „дисциплината од Јехова“ за која Пословици 3:11 нѐ опоменува да не ја отфрламе? [w 1.10.03 стр. 20 пас. 2-4].
10. Што значи тоа „човек да е задоволен со тоа што го има“ како што стои во 1. Тимотеј 6:6-8? [w 1.6.03 стр. 9 пас. 1-2; стр. 10 пас. 1].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Што навестувала обединувачката врска на љубов меѓу Јонатан и Давид? (2. Сам. 1:26) [w 1.7.89 стр. 9 пас. 13].
12. Што можеме да научиме од првиот обид на Давид да го донесе ковчегот на заветот во Ерусалим? (2. Сам. 6:2-9).
13. Зошто морал да умре синот на Давид и Витсавеа, откако тие направиле грев, кога Второзаконие 24:16 и Езекиел 18:20 вели дека синот нема да умре заради грешката на таткото? (2. Сам. 12:14; 22:31).
14. Од каде знаеме дека тврдењето на Сива за Мефивостеј било лага? (2. Сам. 16:1-4).
15. Зошто реакцијата на Мефивостеј во ситуацијата со Сива е еден добар пример за нас? (2. Сам. 19:24-30).