Известувања
◼ Јуни: Ќе се нуди книгата Учи од Големиот Учител, а на оние што ќе кажат дека немаат деца, понуди им ја брошурата Бара и потруди се со некого од нив да почнеш да ја проучуваш Библијата. Јули и август: Може да се нуди која било од следниве брошури со 32 страници: Божественото име кое ќе остане засекогаш, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе. Септември: Ќе се нуди книгата Обединети во обожавањето на единствениот и вистински Бог. Ако станарот не ја прифати книгата, понуди ја брошурата Бдејте!
◼ Задоволство ни е да ве известиме дека ќе формираме Група за изградба на Сали на Царството, со цел да се градат нови Сали на Царството или да се реновираат згради за таа намена насекаде во нашата земја. Со тоа многу повеќе браќа и сестри ќе имаат можност да учествуваат во градењето или реновирањето на локалните места за вистинско обожавање. Секој крстен објавител кој е постар од 17 години и е на добар глас, кој е на располагање и има некакво искуство во градежна работа, може да поднесе молба за доброволец за изградба на Сали на Царството. Треба да има добро здравје, да може да работи тешка физичка работа и да биде во можност да служи и подалеку од домот во период од две седмици до три месеци. Ако имаш голема желба да помогнеш и ако ги исполнуваш спомнатите барања, те молиме побарај формулар (A-25) од секретарот на твоето собрание. Формуларот треба да се пополни внимателно, да се потпише од Службениот одбор во твоето собрание и да се испрати во Бетел до Отсекот за изградба на Сали на Царството.