ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/05 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 12 декември
  • Седмица што почнува од 19 декември
  • Седмица што почнува од 26 декември
  • Седмица што почнува од 2 јануари
Нашата служба за Царството 2005
km 12/05 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 12 декември

Песна 32

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот од 8. страница одговара за вашето подрачје, употреби го за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 декември. Може да се користи и друга практична презентација. По презентацијата коментирај за тоа колку лесно може да се вклучи еден стих во презентацијата.

15 мин: „Школа која ни помага да го примениме она што го учиме“. Говор од надгледникот на школата. Вклучи мисли од Наша служба за Царството од октомври 2005.

20 мин: „Образование кое води до живот.“a Однапред договори се со еден или двајца објавители да кажат како им користело образованието што го дава Бог.

Песна 101 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 19 декември

Песна 160

5 мин: Локални известувања. Потсети ги сите за следниот Состанок за служба да си донесат примерок од Разбудете се! од јануари 2006.

15 мин: „Покажи искрен интерес — така што ќе бидеш приспособлив.“b Вклучи една кратка презентација во која еден објавител го приспособува својот пристап според коментарите на станарот.

25 мин: „Може ли твоето дете да донесе зрела одлука?“c Материјалот нека го обработи еден старешина. Еден брат кој добро чита нека го прочита гласно секој пасус. Дискутирајте за сите наведени стихови. Откако ќе се разгледа пасус 2, спореди ги ситуациите на двајцата младинци кои се спомнати во пасусите 16 и 17 и во рамката на страници 16 и 17 во Стражарска кула од 15 јуни 1991. Во заклучокот, поттикни ги родителите да ја разгледаат целата статија од таа Стражарска кула и веднаш потоа да дискутираат и да вежбаат со своите деца, за да ги подготват уверливо да ги изразат своите верувања кога некој би ги прашувал за библиската заповед во врска со крвта. Семејните поглавари треба да проверуваат дали секое крстено дете си ја носи ДПА картичката и дали секое некрстено дете си ја носи својата Легитимација. Во случај кога некој од собранието е на лекување во болница и кога ќе се појави прашањето за трансфузија на крв, тогаш старешините треба да побараат помош од локалниот Одбор за контактирање со болници.

Песна 56 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 26 декември

Песна 85

10 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за декември. Ако вашето собрание во новата година го менува терминот во кој се одржуваат состаноците, тогаш дајте известување за таа промена. Спомни ја понудата на литература за јануари и покажи каде може да се најдат предложените презентации.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Нови карактеристики на Разбудете се! Говор и дискусија со присутните. Кажи ги промените што се направени во Разбудете се!, а кои беа најавени во Наша служба за Царството од март 2005, страница 1, пасуси 5, 6. Вклучи некои мисли од статијата „До нашите читатели“ од Разбудете се! од јануари 2006, страници 3, 4. Наведи некои примери за тоа како списанието директно ги насочува читателите кон Библијата. Замоли ги присутните да го кажат своето мислење за новата рубрика на страница 31. Кога ќе сведочиме на нови места и понатаму ќе ги нудиме Стражарска кула и Разбудете се! како комплет. Се разбира, на оние што редовно им носиме списанија, ќе им даваме само по еден примерок од секое издание на Разбудете се! Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 јануари и Разбудете се! од јануари. Може да се користат и други практични презентации. Во Наша служба за Царството од јануари ќе има уште една презентација за Разбудете се! од тој месец, а со неа ќе се нуди една од статиите кои не се уводни. Двете презентации можат да се користат низ целиот месец.

Песна 222 и заклучна молитва

Седмица што почнува од 2 јануари

Песна 5

Забелешка: Во текот на седмицата од 2 јануари, собранијата не треба да го поместат Состанокот за служба да биде некоја вечер порано, освен ако покраинскиот надгледник не е во посета. Како што стои во распоредот, сите собранија треба на Состанокот за служба да го разгледаат додатокот за конгресот.

5 мин: Локални известувања.

15 мин: „Мудро да ја користиме нашата библиска литература.“d Вклучи некои мисли од Наша служба за Царството од септември 2002, страница 1.

25 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2006 ‚Избавувањето е близу‘“.e Материјалот нека го обработи собранискиот секретар. Откако ќе го разгледаш пасус 1, прочитај го писмото од 15 декември 2005 за времето и местото на одржување на конгресот. Поттикни ги сите колку што е можно поскоро да направат подготовки за конгресот.

Песна 48 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели