Распоред за состаноците
Седмица од 13 февруари
10 мин: Локални известувања. Ако предлозите од 8. страница одговараат на вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентираат Стражарска кула од 15 февруари и Разбудете се! од февруари. Во една презентација нека се прикаже сведочење на јавно место.
10 мин: Дали држиш чекор со Јеховината организација? Говор на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, страници 7-10.
25 мин: „Зборувај им на другите за ‚светлината на светот‘.“a Да го одржи надгледникот за служба. Објави ги оние што се пријавиле да служат како помошни пионери. Кажи дека ќе се одржуваат дополнителни состаноци за проповедање. Спомни ги предложените распореди за помошна пионерска служба што се наоѓаат на 5. страница во Нашата служба за Царството од февруари 2005.
Песна 224 и заклучна молитва.
Седмица од 20 февруари
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Накратко спомни некои главни мисли од Писмото од Водечкото тело.
15 мин: „Искористи ја секоја можност да проповедаш.“b Замоли еден објавител, кој живее во тешки околности, да каже како ја користи секоја можност да сведочи.
20 мин: „Помош која лесно се наоѓа.“c Да го одржи еден старешина. Накратко осврни се на Рубриката прашања од Нашата служба за Царството од ноември 1998 и од ноември 2000.
Песна 1 и заклучна молитва.
Седмица од 27 февруари
10 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за февруари. Ако предлозите од 8. страница одговараат на вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 март или Разбудете се! од март.
10 мин: Локални потреби.
25 мин: Како да се понуди книгата Што учи Библијата. Во март ќе ја нудиме новата книга. Разгледај и прикажи неколку од предложените презентации од Нашата служба за Царството од јануари 2006, страници 3-6, што одговараат за вашето подрачје. Замоли ги присутните да кажат некои убави искуства што ги доживеале додека ја користеле новата книга, особено ако биле започнати библиски студии.
Песна 148 и заклучна молитва
Седмица од 6 март
10 мин: Локални известувања. Бидејќи трактатите се привлечни а и лесни за носење, корисни се за да започнуваме разговори во службата од куќа до куќа, кога сведочиме на јавни места и неформално. Прикажи како да се започне разговор со новиот трактат Наскоро крај на сето страдање! Спомни еден од цитираните стихови на 2. страница од трактатот.
15 мин: „Покажи искрен интерес — со тоа што ќе се подготвуваш.“d Нека биде накратко прикажано како двајца објавители се подготвуваат да ја понудат книгата Што учи Библијата. Тие избираат една презентација од Нашата служба за Царството од јануари 2006 и разговараат како можат да ја кажат со свои зборови и да ја приспособат на нивното подрачје. Приказот нека заврши пред да почнат гласно да ја вежбаат презентацијата што ја подготвиле.
20 мин: „Користи делотворни визуелни средства за да поучуваш.“e Кога ќе стане збор за секоја видеокасета спомната во статијата, покажи ја касетата и прочитај краток исечок за тоа што содржи таа. Замоли ги присутните да кажат некои искуства што ги имале додека ги користеле видеокасетите во службата. (За повеќе информации види во Годишникот за 1997, 54. страница, и во Годишникот за 1995, страници 50, 51.)
Песна 68 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.