ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/06 стр. 3
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2006
Нашата служба за Царството 2006
km 5/06 стр. 3

Известувања

◼ Мај: Ќе се нудат поединечни броеви од Стражарска кула и Разбудете се! Кога ќе правиш повторни посети кај заинтересираните лица, вклучувајќи ги и оние што присуствувале на Спомен-свеченоста или на некои други теократски настани, но не се активно поврзани со собранието, обиди се да им ја дадеш новата книга Што навистина учи Библијата? Наша цел треба да биде да започнеме библиски студии со таа книга. Јуни: Ќе се нуди книгата Младите прашуваат. Ако некои лица речат дека немаат деца на тинејџерска возраст, понуди ја книгата Тајната на семејната среќа. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се засекогаш на животот на Земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам“, Дали треба да се верува во Тројство?, Се грижи ли Бог навистина за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе.

◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки на 1 јуни или колку што е можно побрзо после тоа. Ако постои посебна банковна сметка како, на пример, за одржување или за градба, треба да се провери и таа сметка. Откако ќе се направи ова, дајте известување пред собранието заедно со следниот сметководен извештај.

◼ Се препорачува молбите за општа пионерска служба да се предадат до Бетелот најмалку 30 дена пред да се започне со службата. Собранискиот секретар треба да ги прегледа формуларите за да се увери дали се пополнети целосно. Ако оние што ја поднесуваат молбата не можат да се сетат на точниот датум на нивното крштавање, треба да го пресметаат датумот и да си го запишат. Секретарот треба да го запише овој датум во картичката Извештај на собраниски објавител (Ѕ-21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели