Пример и за млади и за стари
Тој имал срдечен, близок однос со Јехова. Го посветил својот живот на вршењето на Јеховината волја. ‚Одел со Бог‘ и бил благословен што правел така. Тоа бил Ное, човекот чиј пример вреди да го следат и младите и старите (Бит. 6:9). DVD-то со наслов Ное — тој одел со Бог ќе ти помогне да си претставиш каков бил животот на Ное, зошто заслужил Јехова да го благослови и како можеш и ти да ги покажуваш неговите добри особини.
На DVD-то Ное има и „Видеоквиз“. Гледај го, и потоа одговори на следниве прашања: 1) Што погрешно направиле некои ангели, и кои биле Нефилимите? (Бит. 6:1, 2, 4). 2) Зошто луѓето станале толку лоши, и што мислел Бог за тоа? (Бит. 6:4-6). 3) По што се разликувал Ное од другите луѓе? (Бит. 6:22). 4) Како биле уништени злобните? (Бит. 6:17). 5) Колкава била арката? (Бит. 6:15). 6) Што друго правел Ное, и како реагирале луѓето? (Мат. 24:38, 39; 2. Петр. 2:5). 7) По колку животни од секој вид имало во арката? (Бит. 7:2, 3, 8, 9). 8) Колку долго врнело, и колку време била Земјата потполно поплавена? (Бит. 7:11, 12; 8:3, 4). 9) Зошто преживеале Ное и неговото семејство? (Бит. 6:18, 22; 7:5). 10) Каде застанала арката? (Бит. 8:4). 11) Од каде знаел Ное дека е безбедно да излезе од арката? (Бит. 8:6-12). 12) Што направил Ное кога излегол од арката? (Бит. 8:20-22). 13) На што било знак виножитото? (Бит. 9:8-16). 14) Што значи да се ‚оди со Бог‘? (Бит. 6:9, 22; 7:5). 15) Што треба да правиме за да го видиме Ное во Рајот? (Мат. 28:19, 20; 1. Петр. 2:21).
Како ти помогна она што е напишано во Библијата за верниот и послушен Ное да научиш како и ти да ‚одиш со Бог‘, и да имаш доверба дека Јехова може да го спаси својот народ и во денешно време? (Бит. 7:1; Посл. 10:16; Евр. 11:7; 2. Петр. 2:9).