Распоред за состаноците
Седмица од 14 август
15 мин: Локални известувања. Дискутирај за „Нова програма за Посебниот собир“. Ако е можно, кажи го датумот на следниот Посебен собир. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 август и Разбудете се! од август. Во една од презентациите нека биде прикажано како да се совлада приговорот: „Не сум заинтересиран за Јеховини сведоци“. (Види во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, стр. 9, 10.)
15 мин: „Во септември ќе се нуди специјално издание на Разбудете се!“a Кога ќе се разгледува 4. пасус, нека има еден краток приказ во кој еден тинејџер ќе му го понуди на својот наставник септемврискиот број на Разбудете се!
15 мин: Школски другари — дали сме премногу блиски? Говор и дискусија со присутните на темел на Разбудете се! од април 2006 година, 17-19. страница. Замоли некои од присутните што биле воспитани во христијанско семејство да кажат како нивните родители ги подготвиле да се соочат со предизвиците и да ги применуваат библиските начела на училиште. Со еден до двајца од нив можете однапред да се договорите.
Песна 164 и заклучна молитва.
Седмица од 21 август
10 мин: Локални известувања и избрани известувања од Нашата служба за Царството. Дискутирај за „Нова програма за Покраинскиот собир“, и кажи го датумот на одржување на следниот Покраински собир, ако е познат.
15 мин: Како ни користат Состанокот за проучување на Стражарска кула и Состанокот за јавност. Говор и дискусија со присутните на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, од 59. страница до поднасловот на 64. страница.
20 мин: Сега планирај да бидеш помошен пионер. Говор и дискусија со присутните. Поттикни ги присутните да си постават цел да бидат помошни пионери барем еден месец во текот на новата службена година (1. Кор. 9:26). Некои можеби ќе одберат еден од месеците кога се планира посебна активност, или некој месец што има празник или повеќе викенди. Прашај ги присутните: „Како сте ги надминале пречките во минатото за да бидете помошни пионери? Какви благослови сте доживеале поради тоа? Ако имаш желба, но не си сигурен дека ќе успееш, зошто не се молиш за тоа? (Дела 4:29; 2. Кор. 4:7; Јак. 1:5). Зошто е добро да се разговара за ова и во семејството и со другите во собранието, особено со оние што се во слична ситуација? (Посл. 15:22). Кога планираш ти да бидеш помошен пионер?“
Песна 216 и заклучна молитва.
Седмица од 28 август
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за август. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 септември или Разбудете се! од септември, и тоа на повторна посета кај лице кое редовно прима списанија.
15 мин: Можеш да бидеш извор на охрабрување (Рим. 1:11, 12). Говор и дискусија со присутните. Спомни колку општи пионери има во вашето собрание. Кажи на кои начини можеме да ги охрабриме, како, на пример, да ги пофалиме, да зборуваме за благословите од пионерската служба, да одиме со нив во служба, да ги поканиме на оброк и да им помагаме во врска со трошоците за превоз. Замоли ги општите пионери да кажат како биле охрабрени од другите. Ако во собранието немате општи пионери, дискутирајте за начините на кои можеме да ги охрабриме помошните пионери.
20 мин: Можеш ли да започнеш да проучуваш со некого во септември? Говор и презентации. Во текот на септември особено ќе се потрудиме да започнеме да проучуваме со некого уште при првата средба, со помош на книгата Што учи Библијата. Ова значи дека кога ќе му ја понудиме книгата на станарот, ќе се обидеме да поразговараме со него за неколку пасуси. Нека има две презентации во кои ќе се користат теми што се интересни на вашето подрачје. Во секоја презентација нека биде покажано како можеме да се договориме со станарот да дојдеме повторно во конкретно време за да го продолжиме разговорот.
Песна 37 и заклучна молитва.
Седмица од 4 септември
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Покажи искрен интерес — со непристрасно проповедање.“b Кога ќе дискутирате за стихот од Римјаните 1:14, кој е наведен на крајот од 2. пасус, вклучи некои кратки мисли од книгата Увид, том 1, 255. страница, во првиот пасус од темата „Варварин“. Откако ќе го разгледате 3. пасус, повторете ги трите чекори што се наоѓаат на 2. страница во брошурката Добра вест за луѓето од сите народи, и покажете како да ја користите со луѓето од вашето подрачје што зборуваат друг јазик.
Песна 225 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.