Распоред за состаноците
Седмица од 9 октомври
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Употреби ги предлозите од 8. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 октомври и Разбудете се! од октомври заедно со Вест за Царството бр. 37
15 мин: „Помогни им на другите да станат Божји пријатели.“a Замоли ги присутните да кажат како примерот на другите и личната срдечна молитва им помогнале да напредуваат до крштавање.
20 мин: Подготви се да го нудиш трактатот Вест за Царството бр. 37. Говор и дискусија со присутните. Разгледај ги подготовките за кампањата, за кои се зборува во Нашата служба за Царството од септември. Охрабри ги сите ревносно да учествуваат. Поттикни ги оние што проучуваат со лица што добро напредуваат да размислат дали ученикот ги исполнува условите да учествува во кампањата како некрстен објавител. Исто така, родителите можат да размислат дали и нивните деца ги исполнуваат условите. Накратко разгледај ги барањата од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја на страници 79-81.
Песна 221 и заклучна молитва.
Седмица од 16 октомври
10 мин: Локални известувања.
20 мин: Како ни користи Собраниското проучување на книга. Говор и дискусија со присутните на темел на Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, од 70. страница до поднасловот на 72. страница.
15 мин: „Што ти е на прво место?“b Замоли неколку избрани објавители да кажат како го смениле својот распоред за да го стават Царството на прво место, и какви благослови добиле поради тоа.
Песна 172 и заклучна молитва.
Седмица од 23 октомври
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 8. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 ноември и Разбудете се! од ноември. Во една презентација прикажи како да се совлада приговорот „Ние сме веќе христијани“ (Види во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, 11. стр.)
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Искористи ги во потполност состаноците за проповедање.“c Кога ќе дискутирате за 3. пасус вклучи некои мисли од рубриката Прашања, 4. пасус, во Нашата служба за Царството од септември 2001, во врска со тоа како треба да се постапи кога на состанокот не е присутен ниту еден квалификуван брат за да го води состанокот.
Песна 143 и заклучна молитва.
Седмица од 30 октомври
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање и на задната страна од формуларот да запишат колку вкупно трактати Вест за Царството бр. 37 дале.
15 мин: Како да им проповедам на соучениците? Говор и дискусија со присутните на темел на Разбудете се! од 8 јули 2002, страници 28-30. Замоли ги присутните да раскажат некои интересни искуства што ги имале кога им проповедале на соученици.
20 мин: Искуства од нудењето на трактатот Вест за Царството бр. 37. Замоли ги присутните да раскажат некои охрабрувачки искуства од делењето на трактатот Вест за Царството бр. 37. Извести колкав дел од вашето подрачје е обработен до сега и што ќе биде потребно за тоа целосно да се обработи до 12 ноември. Нека биде прикажана повторна посета со книгата Што учи Библијата. Потсети ги објавителите да ги вратат сите трактати Вест за Царството бр. 37 што нема да успеат да ги поделат пред да заврши кампањата, за да можат другите да ги употребат.
Песна 136 и заклучна молитва.
Седмица од 6 ноември
10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница во Нашата служба за Царството од јануари 2005, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понуди книгата Учи од Големиот Учител во текот на втората половина од ноември. Ако дозволува времето, замоли ги присутните да кажат кои добри резултати ги постигнале кога ја користеле оваа книга во службата на подрачјето или во семејството.
15 мин: Зголеми ја радоста и достоинството на твојата венчавка. Говор од старешина на темел на Стражарска кула од 15 октомври 2006, страници 28-31.
20 мин: Проповедањето на Речта донесува освежување. Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 јануари 2002, 8. и 9. страница. Замоли ги присутните да кажат како службата им носи освежување. Еден до два коментари можат да се подготват однапред.
Песна 8 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.