Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 26 февруари 2007 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 1 јануари до 26 февруари 2007 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Во кој дел од говорот треба да ја објасниме практичната примена на материјалот, и како треба тоа да го направиме? [be стр. 158, пас. 2-4].
2. Зошто е важно да им помогнеме на другите да ја сфатат практичната вредност на материјалот што го изнесуваме, и како да го постигнеме тоа? [be стр. 159, пас. 3, 4].
3. Зошто е важно какви зборови користиме? [be стр. 160].
4. Што ќе ни помогне за правилно да користиме разновидни зборови? [be стр. 161, пас. 5, 6; стр. 162, пас. 1, 4].
5. Зошто е корисно да зборуваме според нацрт, било да е во мислите било да е напишан? [be стр. 166, пас. 1-3].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Како треба да се подготвиме кога ќе добиеме задача да читаме? [be стр. 43, пас. 2, 4].
7. Што треба да правиме за да го сакаме она што е добро и да го мразиме она што е лошо од гледна точка на Јехова? (Евр. 5:14) [w 1.1.05 стр. 9, пас. 11].
8. Ако прочитаме нешто од Библијата што нѐ наведува да се сомневаме дека Бог постапил праведно, што треба да имаме на ум? [w 1.2.05 стр. 24, пас. 7].
9. Како треба да реагираме кога Божјиот закон е во спротивност со она што го бараат човечките закони? [w 15.4.05 стр. 12, пас. 9].
10. На кој начин Исаија ни го насочува вниманието кон Царството преку Месијата и преку неговиот претходник, Јован Крстител? [si стр. 123, пас. 35].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Што е „прекривката“, односно „покривалото“ спомнато во Исаија 25:7?
12. Како можат луѓето да го „гледаат“ и да го „чујат“ Јехова? (Иса. 30:20, 21).
13. Точно или неточно: Молитвата на Езекија што е запишана во Исаија 38:3 била мотивирана единствено од неговата желба да живее подолго.
14. На кој начин Израелците служеле како Јеховини сведоци, и како да го следиме нивниот пример? (Иса. 43:10).
15. Во склад со пророштвото од Исаија 52:11, 12, што е потребно за да може некој да го ‚носи приборот од Јеховиниот дом‘?