ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/07 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Поднаслови
  • Седмица од 12 февруари
  • Седмица од 19 февруари
  • Седмица од 26 февруари
  • Седмица од 5 март
Нашата служба за Царството 2007
km 2/07 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 12 февруари

Песна 52

10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 8. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 февруари и Разбудете се! од февруари. Во една презентација прикажи како да се совлада приговорот „Не сум заинтересиран за религија“. (Види во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, 9. стр.)

35 мин: „Објавувајте ги доблестите на Јехова.“a Точката треба да ја одржи надгледникот за служба. На соодветни места за време на дискусијата, кажи кога и каде ќе се одржи Спомен-свеченоста, дали ќе бидат организирани дополнителни состаноци за проповедање и колку помошни пионери собранието планира да има во месец април.

Песна 147 и заклучна молитва.

Седмица од 19 февруари

Песна 198

5 мин: Локални известувања.

20 мин: „Угледај се на Големиот Учител кога ја користиш книгата Што учи Библијата.“b Кога ќе го обработувате 6. пасус, нека има краток приказ во кој еден објавител ја користи рамката на крајот од 6. поглавје во книгата Што учи Библијата, за да го повтори тоа поглавје со ученикот.

20 мин: Можеш ли да започнеш библиска студија во март? Дискусија со присутните. Во првата половина на март, ќе ја нудиме книгата Што учи Библијата со цел да започнеме библиски студии. Разгледај ги предлозите од додатокот во Нашата служба за Царството од јануари 2006, страници 3-6. Употреби една од презентациите на 6. страница, или друга презентација што одговара на вашето подрачје, во која ќе биде прикажано како да се започне библиска студија уште при првата средба. Замоли ги присутните да раскажат некои интересни искуства што ги доживеале додека ја користеле книгата, особено ако биле започнати библиски студии.

Песна 220 и заклучна молитва.

Седмица од 26 февруари

Песна 29

10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 8. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 март и Разбудете се! од март. Во една презентација нека биде прикажано како некој објавител проповеда на деловно подрачје.

15 мин: „Не ги заборавајте неактивните.“c Вклучи некои мисли од Стражарска кула од 1 мај 2004, страници 21, 22, пасуси 13-16.

20 мин: „Угледај се на Христос во службата.“d Ако дозволува времето, замоли ги присутните да ги прочитаат и да коментираат за наведените стихови.

Песна 18 и заклучна молитва.

Седмица од 5 март

Песна 32

15 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. На сите присутни треба да им се даде по еден примерок од поканата. Спомни што е организирано во собранието за да се дели поканата на подрачјето. Поттикни ги сите ревносно да учествуваат во тоа. Нека има една презентација во која ќе се прикаже како би можело да се користи поканата.

15 мин: Проповедање на добрата вест на еден уреден начин. Говор и дискусија со присутните на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, од поднасловот на 102. страница до крајот на поглавјето.

15 мин: „Доверено ни е богатство.“e Ако дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.

Песна 104 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели