Известувања
◼ Март: Ќе се нуди книгата Што учи Библијата. Обиди се да започнеш библиски студии. Април и мај: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кога повторно ги посетуваме заинтересираните лица, меѓу кои спаѓаат и оние што присуствувале на Спомен-свеченоста или на некој друг состанок, а не се активно поврзани со собранието, треба да им ја понудиме книгата Што учи Библијата. Притоа, со тие луѓе треба да се обидеме да започнеме да ја проучуваме Библијата. Јуни: Ќе се нуди книгата Творец или книгата Тајната на семејната среќа.
◼ Претседавачкиот надгледник или некој што е назначен од него треба да ги прегледа собраниските сметки за месеците декември, јануари и февруари. Кога ќе се направи ова, треба да се даде известување пред собранието заедно со следниот извештај.
◼ Откако ќе стигнат во собранијата најновите броеви од Стражарска кула и Разбудете се!, треба веднаш да се поделат. Тоа ќе им овозможи на објавителите да се запознаат со нивната содржина пред да ги понудат во службата.
◼ Радосни сме што можеме да ве известиме дека во ноември беше достигнат трет највисок број од 1.186 објавители. Расте и бројот на библиски студии, кој во ноември достигна нов највисок број од 962.