Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 30 април 2007 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 март до 30 април 2007 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Како да направиме едноставен нацрт за говор? [be стр. 168, пас. 4].
2. Наведи четири начини на кои можеме логично да го изнесеме материјалот [be од стр. 170, пас. 3, до стр. 172, пас. 5].
3. Кои фактори треба да ги имаме на ум кога одлучуваме што да вклучиме во еден говор? [be стр. 173, пас. 2, 3].
4. Зошто е корисно спонтано да го изнесуваме говорот? [be стр. 175, пас. 3-5].
5. Зошто е важно да зборуваме во разговорен стил и како да ја развиеме оваа вештина? [be стр. 179, пас. 4, рамка; стр. 180, рамка].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Како треба еден брат да се подготви кога ќе добие задача да изнесе избрани стихови од седмичното читање на Библијата? [be стр. 47, пас. 3, 4].
7. Што е многу поважно од благословите што ги добиваме со Христовата откупнина? [w 1.11.05 стр. 14, пас. 1].
8. Како треба да ги користиме наведените библиски стихови во едно јавно предавање? [be стр. 53, пас. 1, 2].
9. Каква цел имал Исус како учител, и како да го следиме неговиот пример? [be стр. 57, пас. 1].
10. Зошто е делотворно да користиме контрасти кога поучуваме? [be стр. 57, пас. 3, 4].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. На кој начин би можеле да го примениме советот од Еремија 6:16, да одиме на ‚старите патишта, на правиот пат‘?
12. Зошто Јехова го избрал штркот како практичен пример за неверните Евреи, и што можеме ние да научиме од тоа? (Ерем. 8:7).
13. Каква врска има Еремија 15:17 со нашето гледиште кон денешната забава?
14. Во која смисла луѓето се како глина во рацете на Големиот Грнчар, Јехова? (Ерем. 18:5-11).
15. На кој начин редот по кој се наброени народите во Еремија 25:17-26 е значаен за нашево време?