Известувања
◼ Април и мај: Ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кога повторно ги посетуваме заинтересираните лица, треба да се обидеме да започнеме да ја проучуваме Библијата со нив, со помош на книгата Што учи Библијата. Овде спаѓаат и оние што присуствувале на Спомен-свеченоста или на некој друг состанок, а сѐ уште не се активно поврзани со собранието. Јуни: Ќе се нуди книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? или книгата Тајната на семејната среќа.
◼ Почнувајќи од април, во пратките за литература автоматски ќе бидат вклучени и значките за обласниот конгрес за 2007 год. Нема да биде потребно да се нарачуваат. Треба да се нарачаат пластични фолии за значките за секој од собранието што ќе побара.
◼ Собраниските секретари треба да имаат соодветна резерва од формуларите Молба за општа пионерска служба (Ѕ-205) и Молба за помошна пионерска служба (Ѕ-205б). Тие можат да се нарачаат со формуларот Нарачка на литература (Ѕ-14). Имајте резерва барем за една година. Пред да ги испратите до Бетел формуларите за општа пионерска служба, проверете дали се целосно пополнети.
◼ Ако планирате да присуствувате на собраниски состаноци, покраински собир или на обласен конгрес во друга земја, тогаш информации во врска со термините, датумите и местата треба да побарате од подружницата што го надгледува делото во таа земја. Адресите на подружниците се наведени на последната страница на тековниот Годишник.
◼ Во декември повторно достигнавме нов највисок број на објавители. Во тој месец, извештај за својата проповедничка активност дадоа 1.201 објавител. Почнувајќи од септември, веќе по четврти пат имаме највисок број на објавители, а сега за првпат го надминавме бројот од 1.200 објавители. Освен тоа, достигнавме и нов највисок број на библиски студии, кој сега изнесува 1.049.