ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/07 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Поднаслови
  • Седмица од 9 јули
  • Седмица од 16 јули
  • Седмица од 23 јули
  • Седмица од 30 јули
  • Седмица од 6 август
Нашата служба за Царството 2007
km 7/07 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 9 јули

Песна 4

10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 јули и Разбудете се! од јули.

15 мин: Што ни носи вистинска среќа? Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 мај 2006, страници 28, 29, пасуси 11, 12. Накратко интервјуирај некој што избрал главна цел во животот да му биде службата наместо задоволствата или световната кариера. Зошто си поставил такви духовни цели? Како ова го прави среќен?

20 мин: Рубрика прашања. Точката треба да ја изнесе еден старешина. Прочитај ја и обработи ја целата статија. Вклучи некои мисли од Разбудете се! од 8 август 2005, страници 13, 14.

Песна 91 и заклучна молитва.

Седмица од 16 јули

Песна 16

10 мин: Локални известувања.

20 мин: Одржување на мирот и чистотата во собранието. Говор и дискусија со присутните на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, од 144. страница до поднасловот на 150. страница.

15 мин: „Интересни промени во Стражарска кула!“a

Песна 189 и заклучна молитва.

Седмица од 23 јули

Песна 133

10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 4. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 август и Разбудете се! од август.

20 мин: Бидете гостољубиви еден кон друг. Говор на темел на Стражарска кула од 15 јануари 2005, страници 21-23. Накратко интервјуирај еден до двајца објавители кои се познати по својата гостољубивост. Како покажуваат гостољубивост? Какви благослови им донело тоа ним и на нивните семејства?

15 мин: Подготвување делотворни уводи. Дискусија со присутните на темел на брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, 2. страница, пасуси 1, 2. Нека има два приказа во кои ќе се покаже како да се презентираат брошурите што треба да се нудат во август.

Песна 61 и заклучна молитва.

Седмица од 30 јули

Песна 200

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за јули.

15 мин: Самопожртвуваноста носи Јеховин благослов. Говор на темел на Стражарска кула од 15 ноември 2005, страници 8, 9.

20 мин: „Среќен е човекот што истрајува во искушението.“b Кога ќе го обработувате 3. пасус, замоли ги присутните да кажат како им помогнала силната вера кога неочекувано се нашле во некое искушение. Однапред договори се со еден или двајца објавители да коментираат.

Песна 13 и заклучна молитва.

Седмица од 6 август

Песна 106

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Зошто повторно одиме на истите врати.“c Кога ќе го обработувате 5. пасус, замоли некои од присутните да кажат што ги поттикнало да се заинтересираат за вистината иако порано се противеле или не биле заинтересирани за неа.

Песна 211 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели