Распоред за состаноците
Седмица од 13 август
15 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 8. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 август и Разбудете се! од август. Во една од презентациите, објавителот нека употреби еден од предлозите што се дадени во 3. пасус на 3. страница од овој број на Нашата служба за Царството за да постави прашање што ќе го одговори на повторната посета. Разгледај ја статијата „Нова програма за Покраинскиот собир“. Ако е познат, кажи го датумот на одржување на следниот покраински собир.
15 мин: Корист од теократската подложност. Говор и дискусија со присутните на темел на 15. поглавје од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.
15 мин: „Да му служиме на Јехова како семејство.“a Замоли ги присутните да коментираат за тоа како биле благословени затоа што учествувале во службата како семејство. Однапред договори се со еден или двајца објавители да коментираат.
Песна 48 и заклучна молитва.
Седмица од 20 август
10 мин: Локални известувања. Разгледај ја статијата „Нова програма за Посебниот собир“. Ако е познат, кажи го датумот на одржување на следниот посебен собир.
15 мин: Започнувај библиски студии при првата посета во текот на септември. Дискусија со присутните. Во текот на септември ќе ја нудиме книгата Што учи Библијата и ќе се трудиме уште при првата посета да разгледаме неколку пасуси со станарот. Спомни ги предлозите што се дадени во додатокот од Нашата служба за Царството од јануари 2006. Потоа нека има една или две презентации во кои ќе биде прикажано како да се започне библиска студија уште при првата посета.
20 мин: „Како ни користи Собраниското проучување на книга.“b Кога ќе го обработувате 5. пасус, вклучи и некои мисли од книгата Организирани, 40. страница, 3. пасус.
Песна 6 и заклучна молитва.
Седмица од 27 август
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 8. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 септември и Разбудете се! од септември.
15 мин: Повторување на програмата од обласниот конгрес. Оваа точка треба да ја одржи надгледникот за служба. Посебно обрни внимание на оние мисли од програмата што на објавителите многу им користат во службата. Замоли ги присутните да коментираат за тоа како ги применуваат или како планираат да ги применат тие информации во службата на проповедање.
20 мин: „Убава цел за новата службена година“.c Интервјуирај еден или двајца објавители кои неодамна служеле како помошни пионери. Какви промени направиле во својот распоред? Како биле благословени поради тоа? Ако е можно, еден од интервјуираните нека биде некој што успеал да биде помошен пионер затоа што во тоа му помогнале и му дале поддршка другите од семејството. Кога ќе го обработувате 9. пасус, кажи за кога е најавена следната посета на покраинскиот надгледник.
Песна 196 и заклучна молитва.
Седмица од 3 септември
10 мин: Локални известувања и избрани известувања од Нашата служба за Царството. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за август.
15 мин: „Ја цениме честа што ни ја укажува Бог!“d Ако дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
20 мин: „Како да започнеш библиска студија со оние што зеле списанија.“e Вклучи кратка презентација со еден од предлозите што се дадени во 2. пасус. Потсети ги објавителите дека библиска студија можеме да известиме ако сме ја одржале два пати откако на станарот сме му покажале како се проучува Библијата, а постои веројатност дека ќе продолжиме и понатаму да проучуваме со тоа лице.
Песна 2 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.