Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 31 декември 2007 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 5 ноември до 31 декември 2007 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Кои работи треба да ги имаме на ум за да дадеме делотворен заклучок? [be стр. 220, пас. 4 до стр. 221, пас. 3].
2. Како можеме да бидеме сигурни дека она што ќе го кажеме во служба е точно? [be стр. 223, пас. 2-4].
3. Како можеме во нашите говори на собраниските состаноци да покажеме дека многу ја цениме улогата што ја има собранието како „столб и потпора на вистината“? (1. Тим. 3:15) [be стр. 224, пас. 1-4].
4. Зошто е важно да проверуваме дали информациите што ги користиме се точни, и како можеме да го правиме тоа? [be стр. 225, пас. 1, 2].
5. Кога поучуваме, што треба да сториме за другите полесно да го разберат она што им го зборуваме? [be стр. 226, пас. 3 до стр. 227, пас. 1].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Каков доказ постои дека е веродостоен извештајот од книгата Јона? [si стр. 153, пас. 3].
7. Кое пророштво од Михеј е поврзано со владеењето на Христос Исус како цар на Божјето Царство? [si стр. 158, пас. 18].
8. Каков доказ постои дека книгата Авакум е вдахновена од Бог? [si стр. 161, пас. 4].
9. Зошто може да се каже дека до 520 год. пр.н.е., Евреите сѐ уште не ја исполниле целта на своето враќање од изгнанство? (Агеј 1:4) [si стр. 166, пас. 3].
10. На кој славен ден постојано укажува Захарија? [si стр. 172, пас. 26].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Како се исполнило во првиот век пророштвото на Јоил за наездата од инсекти, и како се исполнува денес? (Јоил 2:1-10, 28) [w 1.10.07 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгите Јоил и Амос“].
12. За што била знак ‚кошницата со летно овошје‘? (Амос 8:1, 2) [w 1.10.07 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгите Јоил и Амос“].
13. Во која смисла на Јехова ‚му паднало жал што им се заканил со неволја на ниневијците‘, и како треба тоа да влијае врз нас? (Јона 3:10) [w 15.7.03 стр. 17, 18].
14. Што значи тоа да одиме во името на Јехова? (Мих. 4:5) [w 15.8.03 стр. 17, пас. 19].
15. Кога и како Јехова дошол во својот „храм“ да суди во денешно време? (Мал. 3:1-3) [re стр. 32, рамка; jd стр. 179, пас. 3 до стр. 181, пас. 6].