ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/07 стр. 7
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2007
Нашата служба за Царството 2007
km 12/07 стр. 7

Известувања

◼ Понуда на литература за декември: Најголемиот човек кој некогаш живеел. Освен неа, може да се нудат и книгите Приближи му се на Јехова или Тајната на семејната среќа. Јануари: Може да се нуди книгата Спознание или брошурата Бдејте! Февруари: Постои ли Творец кој се грижи за тебе? или Тајната на семејната среќа. Март: Што навистина учи Библијата? Особено треба да се трудиме да започнеме библиски студии.

◼ Некој што е назначен од претседавачкиот надгледник треба да ги прегледа собраниските сметки за септември, октомври и ноември. Не треба еден ист брат да го изврши прегледот двапати по ред. Штом ќе се направи прегледот, треба да се даде известување пред собранието откако ќе се прочита следниот сметководен извештај.

◼ Ве молиме, забележете дека Спомен-свеченоста за 2009 год. ќе се одржи во четврток, 9 април, по зајдисонце. Ова известување се дава однапред за да можат браќата да ги направат потребните подготовки. Бидејќи Спомен-свеченоста е многу важен настан, старешинството треба да избере за говорник некој од поспособните старешини наместо само да се менуваат или, пак, да се користи само еден ист брат секоја година.

◼ Во август 2007 год. достигнавме нов највисок број од 1.278 објавители. Тоа е за 49 објавители повеќе отколку во март истата година, кога за последен пат имавме највисок број! Бидејќи Јехова го благослови нашиот труд, се радуваме што во 2007 службена година имавме 7 отсто пораст во бројот на објавители.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели