Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 април 2008 год. Надгледникот на школата ќе води 30-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 март до 28 април 2008 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Зошто е важно да го користиме доделениот материјал кога ги подготвуваме нашите говори, и како да го правиме тоа? [be од стр. 234, пас. 1, до стр. 235, пас. 1].
2. Зошто е важно да користиме прашања кога ги поучуваме другите? [be стр. 236, пас. 1-5].
3. Како би можеле прашањата да им помогнат на слушателите да резонираат на некоја тема? [be од стр. 237, пас. 3, до стр. 238, пас. 2].
4. Кога поучуваме некого, зошто е важно делотворно да користиме прашања за да дознаеме што чувствува навистина? (Изр. 20:5; Мат. 16:13-16; Јован 11:26) [be стр. 238, пас. 4-6].
5. Зошто е добро да користиме споредби кога поучуваме некого? (1. Мој. 22:17; Ерем. 13:11) [be стр. 240, пас. 1-3].
ЗАДАЧА БР. 1
6. Наведи неколку начела од Евангелието според Марко што ќе ни помогнат да влеземе во Божјето Царство [si стр. 186, пас. 32].
7. Како им помага светиот дух на Божјите слуги денес? (Јован 14:25, 26) [be стр. 19, пас. 2, 3].
8. Која е најголемата корист од читањето? [be стр. 21, пас. 3].
9. Што е проучување? [be од стр. 27, пас. 3, до стр. 28, пас. 1].
10. Како Евангелието според Лука ни ја зголемува довербата дека Хебрејските списи се вдахновени од Бог? [si стр. 192, пас. 30, 31].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
11. Зошто Исус го исправил човекот што му се обратил со „Учителе добар“? (Мар. 10:17, 18) [w 15.2.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгата Марко“].
12. Што сакал Исус да каже за древниот израелски народ со споредбата за смоквата? (Мар. 11:12-14, 20, 21) [w 15.5.03 стр. 26, пас. 2, 3].
13. Дали за раѓањето на Исус била употребена и јајце-клетката на Марија? (Лука 1:35) [w 15.3.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од книгата Лука“; it-2-Е стр. 56, пас. 2].
14. Дали Исусовите ученици навистина правеле нешто ‚што не било дозволено во сабота‘? (Лука 6:1, 2) [gt погл. 31].
15. Што можеме да научиме од советот што Исус ѝ го дал на Марта? (Лука 10:40-42) [w 1.9.99 стр. 31].