Известувања
◼ Понуда на литература за април и мај: Стражарска кула и Разбудете се! Треба особено да се трудиме да ги посетиме заинтересираните лица кои присуствувале на Спомен-свеченоста или на специјалното предавање, а сѐ уште не се активно поврзани со собранието. Притоа наша цел треба да биде да започнеме библиска студија. Јуни: Што навистина учи Библијата? Треба особено да се трудиме да започнуваме библиски студии.
◼ Почнувајќи од април, во пратките за литература автоматски ќе бидат вклучени и значките за обласниот конгрес за 2008 год. Нема да биде потребно да се нарачуваат. Но ако во собранието се потребни повеќе конгресни значки, треба да се нарачаат со формуларот Нарачка на литература (S-14). Треба да се нарачаат пластични фолии за значки за секој од собранието што ќе побара.
◼ Собраниските секретари треба да имаат соодветна резерва од формуларите Молба за општа пионерска служба (S-205) и Молба за помошна пионерска служба (S-205b). Користете ги само најновите формулари. Тие можат да се нарачаат со формуларот Нарачка на литература (S-14). Имајте резерва барем за една година. Пред да ги испратите до Бетел, проверете дали формуларите за општа пионерска служба се целосно пополнети.
◼ Ако планирате да присуствувате на собраниски состаноци, покраински собир или на обласен конгрес во друга земја, тогаш информации во врска со термините, датумите и местата треба да побарате од подружницата што го надгледува делото во таа земја. Адресите на подружниците се наведени на последната страница од Годишникот.
◼ Од 1 март 2008 год., групата во Кичево стана собрание, а во населбата Шуто Оризари во Скопје се оформи ново собрание: Шуто Оризари-Центар. Освен тоа, среќни сме што можеме да ве известиме дека, од 1 февруари 2008 год., формирана е првата група на албански јазик што е поврзана со собранието Скопје-Запад. Му благодариме на Јехова што толку великодушно го благословува делото на Царството во нашата земја.