Известувања
◼ Понуда на литература за мај: Стражарска кула и Разбудете се! Треба особено да се трудиме да ги посетиме заинтересираните лица кои присуствувале на Спомен-свеченоста или на специјалното предавање, а сѐ уште не се активно поврзани со собранието. Притоа наша цел треба да биде да започнеме библиска студија. Јуни: Што навистина учи Библијата? Треба особено да се трудиме да започнуваме библиски студии. Јули и август: Може да се користи која и да било од следниве брошури од 32 страници: Радувај се на животот засекогаш на Земјата!, Божественото име кое ќе остане засекогаш, Владата која ќе воспостави Рај, „Гледај! Сѐ ново создавам!“, Дали треба да се верува во тројство?, Дали Бог се грижи за нас?, Која е смислата на животот? Како да се пронајде?, Кога ќе умре некој што го сакаш, Што ни се случува кога ќе умреме? и Книга за сите луѓе.
◼ Старешинствата треба повторно да го разгледаат писмото од 6 јули 2006 год., во кое се зборува дека треба да бидеме подготвени во случај на природна катастрофа, и да проверат дали ја имаат најновата адреса и телефонскиот број од секој објавител.
◼ Неопходно е Бетелот да има најнов список со адресите и телефонските броеви на сите претседавачки надгледници и секретари. Доколку има некаква промена, Одборот на собранието треба да го пополни, потпише и веднаш да го испрати до Бетелот формуларот Промена на адресата на надгледникот/секретарот (S-29).
◼ Со својата следна нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци за 2009 и Секојдневно истражување на Писмото за 2009.
◼ Во јануари 2008 год., за првпат ја надминавме бројката од 1.300 објавители! Извештај за службата дадоа 1.307 браќа и сестри. Тоа значи дека имаме 29 објавители повеќе отколку во август 2007 год. кога го имавме последниот највисок број. Освен тоа, се радуваме што постигнавме нов највисок број на општи пионери (147) и на библиски студии (1.249).