Прашања
◼ Дали е исправно да ракоплескаме по секој говор во Теократската школа за служба и на Состанокот за нашата служба?
Кога Творецот, Јехова, ја создал Земјата, ‚утринските ѕвезди радосно извикувале заедно и сите Божји синови воскликнувале од радост‘ (Јов 38:7). Овие ангелски синови на Бог сакале да го слават Јехова за прекрасните творби, преку кои на нов начин ја покажал својата мудрост, добрина и моќ.
Убаво е да покажеме искрено ценење за трудот на браќата и за материјалот што го подготвиле. На пример, обично ракоплескаме по говорите и по другите точки што се изнесуваат на поголемите собири и на конгресите. За нивната подготовка биле вложени додатни време и труд. Со нашиот аплауз покажуваме ценење за марливата работа на говорникот, како и за упатствата што Јехова ни ги дава преку неговата Реч и организација (Иса. 48:17; Мат. 24:45-47).
А што е со ракоплескањето по говорите што се изнесуваат во Теократската школа за служба и на Состанокот за нашата служба? Не е погрешно да ракоплескаме ако тоа се случи спонтано како, на пример, кога некој за прв пат има говор во Школата. Сепак, аплаузот би можел да стане механички и да го изгуби своето значење. Затоа, обично не ракоплескаме по секој говор.
Иако не ракоплескаме за повеќето говори во Теократската школа за служба и на Состанокот за нашата служба, има други начини да покажеме ценење за трудот и за поуките на оние што ги изнеле. Тоа можеме да го сториме така што внимателно ќе ги слушаме говорниците. А по состанокот, обично можеме и лично да ги пофалиме за вложениот труд (Еф. 1:15, 16).