ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/08 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Поднаслови
  • Седмица од 8 септември
  • Седмица од 15 септември
  • Седмица од 22 септември
  • Седмица од 29 септември
  • Седмица од 6 октомври
Нашата служба за Царството 2008
km 9/08 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 8 септември

Песна 204

10 мин.: Локални известувања. Замоли ги присутните да кажат кои статии им биле најинтересни на луѓето на подрачјето и зошто. Кои прашања и библиски стихови ги користеле кога ги нуделе статиите? За секое списание нека се изнесе приказ во кој ќе се види како би можеле да го понудиме.

15 мин.: Помогни им на интересентите да станат учители. Говор на темел на Стражарска кула од 15 јануари 2007, стр. 29, 30, пас. 14-20. Треба да се изнесе краток приказ во кој објавител му објаснува на нов интересент како изгледаат Состанокот за јавност и Собраниското проучување на Стражарска кула, и го поканува да дојде.

20 мин.: Како да се справиме со предрасудите во службата. Говор од старешина на темел на нашите публикации за тоа како предрасудите можат да влијаат врз службата (на пр., види во Стражарска кула од 15 јануари 2008, стр. 14, или во Стражарска кула од 15 март 2008, стр. 28). Објасни како би можеле да се справиме со таквите предрасуди. Нашето однесување, додека сме во служба и при секојдневните активности, понекогаш може да им помогне на оние што нѐ набљудуваат да ги надминат предрасудите и да ја прифатат вистината. Затоа, многу е важно постојано да внимаваме како зборуваме и како се однесуваме (1. Пет. 2:12; 3:1, 2). Раскажи искуства од вашето подрачје или од публикациите, од кои се гледа како да се справиме со предрасудите.

Песна 127

Седмица од 15 септември

Песна 94

10 мин.: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.

20 мин.: Што постигнавме минатата година? Говор и дискусија со присутните што треба да ја води надгледникот за служба или друг способен старешина. Осврни се на активноста на собранието во минатата службена година, а посебно истакни ги добрите резултати. Пофали го собранието и договори се однапред со еден до двајца објавители да раскажат охрабрувачки искуства од службата. Спомни едно до две подрачја на кои треба да се обрне внимание во новата службена година и наведи практични предлози за подобрување.

15 мин.: Како да го одбранам моето верување во создавањето? Говор на темел на нашите публикации. Замоли ги присутните да кажат како го бранеле своето верување во создавањето додека биле на училиште, на работа или на друго место. Со еден до двајца од нив можеш однапред да се договориш да коментираат.

Песна 51

Седмица од 22 септември

Песна 104

10 мин.: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Разгледај го писмото од Бетел, кое се наоѓа на 1. страница.

20 мин.: Ќе бидеш награден за твојот труд. Говор на темел на Стражарска кула од 15 април 2005, од стр. 28, пас. 6, до крајот на стр. 29. Накратко интервјуирај еден до двајца ревносни објавители во врска со тоа како Јехова се грижел за нивните материјални или емоционални потреби.

15 мин.: Подготвувај се за да ги нудиш Стражарска кула од 1 октомври и Разбудете се! од октомври. Изнеси краток преглед на списанијата и прашај ги присутните кои статии би можеле да им бидат најинтересни на луѓето од подрачјето. Кои прашања и библиски стихови би можеле да ги користиме за да ги нудиме статиите? Треба да се прикаже како да се употреби некоја од предложените презентации во Нашата служба за Царството. Еден старешина нека изнесе кратка презентација што ја подготвил на темел на статијата што би одговарала на вашето подрачје.

Песна 190

Седмица од 29 септември

Песна 45

10 мин.: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за септември. Однапред договори се со еден до двајца објавители да раскажат интересни искуства од неформално сведочење што ги имале за време на обласниот конгрес, на годишен одмор или, пак, во други прилики во летните месеци.

15 мин.: Локални потреби.

20 мин.: „Посебна акција со трактат — од 20 октомври до 16 ноември!“a Ако имате трактати, дајте им по еден примерок на сите присутни. Кога ќе го разгледувате 2. пасус, накратко осврни се на содржината на трактатот. Кога ќе го разгледувате 4. пасус, треба да се прикаже како би можел да се нуди трактатот. Кога ќе го разгледувате 5. пасус, треба да има приказ во кој еден објавител го користи трактатот за да започне библиска студија на повторна посета.

Песна 9

Седмица од 6 октомври

Песна 15

10 мин.: Локални известувања.

15 мин.: Прашања. Дискусија со присутните. Вклучи мисли од Стражарска кула од 15 јуни 2005, стр. 20-22, пас. 10-16.

20 мин.: „Поучи ги другите да го сакаат Јехова“.b Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.

Песна 132

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели