Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба усно да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 29 декември 2008 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 3 ноември до 29 декември 2008 год.
МЕТОДИ ВО ГОВОРНИШТВОТО
1. Зошто е добро, кога сакаме да поттикнеме некого, да се ‚повикаме на неговата љубов‘? (Филим. 9) [be стр. 266, пас. 2-4].
2. Како би можеле да ги охрабриме другите? [be стр. 268, пас. 4 до стр. 269, пас. 2].
ЗАДАЧА БР. 1
3. Зошто посланието на Павле до Тит е „добро и корисно“ за нас? (Тит 3:8) [si стр. 241, пас. 8].
4. Зошто може да се каже дека првото писмо на Петар дошло во право време? [si стр. 251, пас. 1].
5. Како треба симболиката од Откровение да влијае врз нас? [si стр. 263, пас. 1].
СЕДМИЧНО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
6. Зошто Павле го поврзал изразот „нека не клеветат“ со „нека не робуваат на многу вино“ во Тит 2:3? [w 15.6.94 стр. 20, пас. 12].
7. Дали тоа што Сатана „ја има моќта да предизвикува смрт“ покажува дека може да му нанесе предвремена смрт кому сака? (Евр. 2:14) [w 15.10.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од Посланијата до Тит, до Филимон и до Евреите“].
8. Кој е човекот „што посредувал во склучувањето“ на новиот сојуз? (Евр. 9:16) [w 15.10.08 „Јеховината реч е жива — избрани стихови од Посланијата до Тит, до Филимон и до Евреите“].
9. Што значи да бидеме мирољубиви и кои прашања би можеле да си ги поставиме во врска со тоа? (Јак. 3:17) [w 15.3.08 стр. 24, пас. 18].
10. Што значи изразот „Бог е поголем од нашето срце“? (1. Јов. 3:20) [w 1.8.05 стр. 30, пас. 19].