Распоред за седмицата од 12 јануари
СЕДМИЦА ОД 12 ЈАНУАРИ
□ Собраниско проучување на Библијата:
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Мојсеева 6-10
Бр. 1: 1. Мојсеева 9:1-17
Бр. 2: Како да се одговори на приговорите во врска со верувањето во Бог (rs стр. 57 пас. 6 до стр. 59 пас. 1)
Бр. 3: Писмо од еден Бог што те сака (lr погл. 2)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Локални известувања.
10 мин.: Зошто е добро да бидеме позитивни во службата? Дискусија со присутните. Исус ни дал добар пример бидејќи на луѓето на кои им проповедал гледал како на овци на кои им треба помош (Мат. 9:36-38). Иако Ананија во почетокот се колебал да го посети Савле, што му помогнало да го смени својот став? (Дела 9:13-15). Како може да се види од зборовите на Ананија дека позитивно гледал на Савле? (Дела 9:17). Кои причини ги имаме и ние да бидеме позитивни кога разговараме со луѓето на нашето подрачје? На кој начин позитивниот став ќе ни помогне да бидеме поделотворни во службата? Накратко интервјуирај еден или двајца објавители кои имале добри резултати во службата поради својот позитивен став.
10 мин.: Како да ја користиме книгата Расправљање на темељу Писма. Говор што треба да го одржи надгледникот за служба, или некој друг старешина, на темел на книгата Расправљање, страници 7, 8.
10 мин.: „Како ќе чујат?“a
[Фуснота]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.