Известувања
◼ Ќе вложиме посебен труд за да поканиме што е можно повеќе луѓе на обласните и меѓународните конгреси за 2009 год., што ќе се одржат низ целиот свет. За таа цел, објавителите ќе имаат можност да делат посебна покана на своето подрачје. Акцијата ќе трае во текот на трите седмици пред одржувањето на конгресот.
◼ Објавителите ќе ги добијат конгресните значки преку своето собрание. Делегатите на меѓународните конгреси ќе ги користат истите конгресни значки.
◼ На први јануари 2009 год., во Берово беше формирана нова група. Објавителите од Берово и Делчево ги одржуваат своите состаноци во едно изнајмено место во Берово и го организираат проповедничкото дело на ова подрачје под надзор на собранието во Кочани. Му благодариме на Јехова Бог што толку многу ја благословува службата за Царството во нашата земја.