Распоред за седмицата од 4 мај
СЕДМИЦА ОД 4 МАЈ
□ Собраниско проучување на Библијата:
lv погл. 4, рамки на стр. 46-49
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 2. Мојсеева 23-26
Бр. 1: 2. Мојсеева 24:1-18
Бр. 2: Што е навистина важно? (lr погл. 16)
Бр. 3: По што се препознаваат вистинските христијани денес (rs стр. 206 пас. 1-5)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
5 мин.: „Користи трактати во следниве прилики.“ Поттикни ги браќата да бидат подготвени да нудат трактати кога ќе им се укаже прилика за тоа.
10 мин.: Локални потреби.
15 мин.: Зошто е важно да покажеме дека сме заинтересирани за луѓето. Дискусија со присутните на темел на Матеј 8:2, 3 и Лука 7:11-15. Зошто луѓето се поспремни да слушаат кога покажуваме дека вистински сме заинтересирани за нив? Како можеме да дознаеме што го интересира и што го загрижува станарот? Како ќе покажеме дека сме заинтересирани за некој постар човек, за тинејџер, за студент на факултет, за родител или, пак, за некој што е болен или на кого му починал близок?