Известувања
◼ Може да се направат промени во распоредот за состаноците за седмицата пред да се одржи Обласниот конгрес „Бдејте!“ за да се повторат упатствата и потсетувањата во врска со конгресот. Еден или два месеца по конгресот, точката за локални потреби може да се искористи за повторување на главните мисли од конгресната програма кои им користеле на објавителите во службата на проповедање.
◼ Со својата следна нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци за 2010 и Секојдневно истражување на Писмото за 2010.