Вести од службата
Бројот на објавители постојано расте и сега тој изнесува 1.310 објавители, што е нов највисок број за оваа службена година. Среќни сме што можеме да известиме дека во јануари имавме највисок број општи пионери досега — 169. Јехова ја благослови оваа ревносна активност со пораст во бројот на библиски студии, кои сега стигнаа до 1.186.
На 18 јануари 2009 год., во Лондон дипломираше 36. клас на Школата за организациско оспособување. Меѓу 20-те студенти имаше браќа од Белгија, Ирска, Словенија, Хрватска и еден од Македонија, кој беше првиот Македонец испратен да присуствува на оваа Школа.