Известувања
◼ Бидејќи август има пет викенди, тоа би бил одличен месец за помошна пионерска служба.
◼ Во април, мај и јуни, во Скопје и Битола се одржаа три курса по знаковен јазик. Големо охрабрување е кога гледаме дека толку многу браќа се спремни да го учат овој јазик за да им помогнат на лицата со оштетен слух. Според некои проценки, во Македонија има околу 6.000 вакви лица. Затоа, кога ќе наидете на некое глувонемо лице, ве молиме, испратете ја неговата адреса во Бетел за да може да биде организирано некој да го посети. Јехова нека го благослови трудот што се вложува за да им се помогне на лицата со оштетен слух!