Вести од службата
Во месец март беше покажана голема ревност во проповедањето и Јехова богато го благослови тоа. Објавителите поминаа 37.379 часови во службата, дадоа 32.283 списанија, направија 13.919 повторни посети и водеа 1.232 библиски студии. Досега ова се највисоки бројки во оваа службена година! А постигнавме успех и на едно друго поле — извештај за службата дадоа 1.312 објавители, што е највисок број од август 2008 год. досега.
На 1 мај 2009 год., во Радовиш беше формирана нова група која е под надзор на собранието во Струмица. Навистина сме многу радосни што гледаме како напредува делото за Царството во нашата земја!