Барај ги достојните
1. Како покажуваме ценење за честа да учествуваме во службата на проповедање?
1 За време на својата служба, Исус правел сѐ што можел за да им ја пренесе утешната добра вест на кротките (Иса. 61:1, 2). Како пратеници и претставници што го застапуваат Христос, ние денес имаме голема чест да го следиме неговиот пример така што неуморно и темелно ги бараме достојните на нашето подрачје (Мат. 10:11; 2. Кор. 5:20).
2. Како Павле покажал флексибилност, и со каков резултат?
2 Биди флексибилен: Апостол Павле имал обичај прво да оди во синагогата да им проповеда на Евреите и на прозелитите (Дела 14:1). Во Филипи, тој и Сила ги барале луѓето таму каде што ‚мислеле дека се собираат за молитва‘. Почнале да им сведочат на насобраните жени, а една од нив, Лидија, брзо ја прифатила вистината (Дела 16:12-15).
3. Освен во службата од куќа до куќа, кои други облици на сведочење би можел да ги користиш?
3 Освен во службата од куќа до куќа, дали би можел да им проповедаш на луѓето на автобуски и железнички станици, на аеродроми, во паркови, на прометни улици, во канцеларии, деловни згради и трговски центри на вашето подрачје? Би можел да им сведочиш преку писма или преку телефон на оние што живеат во станбени комплекси со безбедносни капии и во згради со високо обезбедување. Ако си прониклив и ако се приспособуваш на различните околности на вашето подрачје, ќе бидеш ‚зафатен во делото на Господарот‘ (1. Кор. 15:58).
4. Какви други можности постојат доколку нашето собрание има мало подрачје?
4 Многу објавители имале можност да ја зголемат службата со тоа што се преселиле во друго собрание, било во својата земја било во странство. Други, пак, научиле нов јазик за да им проповедаат на луѓето кои дошле од друга земја.
5. Како треба да гледаме на времето во кое живееме, и што треба да бидеме решени да правиме?
5 Сите мора да имаме на ум дека „нивата е светот“ (Мат. 9:37; 13:38). Бидејќи крајот на овој злобен свет е близу, секој од нас мора сериозно да размисли за да види дали ситуацијата, способностите, приликите и можностите му дозволуваат да ја зголеми службата. Јехова нѐ уверува дека ако Царството ни е на прво место во животот, тој ќе го благослови нашиот искрен труд да ја зголемиме службата (Мат. 6:33).