Распоред за седмицата од 19 јули
СЕДМИЦА ОД 19 ЈУЛИ
□ Собраниско проучување на Библијата:
cf погл. 7, пас. 17-21, рамка на стр. 75
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Царевите 12-14
Бр. 1: 1. Царевите 12:12-20
Бр. 2: Што ќе ни помогне да гледаме на нашите браќа како што ги гледа Јехова?
Бр. 3: Чувај го својот однос со Јехова и избегнувај лошо друштво (rs-SB стр. 232, пас. 4)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
10 мин.: Како да ја зголемиш службата — втор дел. Говор на темел на книгата Организирани, од 112. страница, 2. пасус, до 113. страница, 2. пасус. Интервјуирај еден или двајца пионери за тоа какви промени направиле за да служат како пионери.
10 мин.: Како да се подготвиш за новата учебна година. Дискусија со присутните. Замоли ги присутните да наведат некои од проблемите со кои ќе се соочат младите на училиште. Објасни како можат родителите, за време на Семејната вечер посветена на Јехова, да ја користат рубриката Младите прашуваат од Разбудете се!, книгите Младите прашуваат и други публикации за да ги подготват своите деца да се спротивстават на искушенијата и да ги објаснат своите верувања (1. Пет. 3:15). Избери една или две теми и спомни некои корисни информации од нашите публикации. Замоли ги присутните да коментираат како сведочеле на училиште.
10 мин.: „Дали правам доволно?“ Дискусија со прашања и одговори.