Распоред за седмицата од 1 ноември
СЕДМИЦА ОД 1 НОЕМВРИ
□ Собраниско проучување на Библијата:
cf погл. 12, пас. 15-21, рамка на стр. 127
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Летописи 16 — 20
Бр. 1: 1. Летописи 17:1-10
Бр. 2: Дали другите религии се придржуваат за Библијата? (rs-SB стр. 167, пас. 3)
Бр. 3: Библиски предупредувања за работи од кои вистинските христијани мора да бегаат
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
10 мин.: Истрајуваме во различни искушенија. Говор на темел на книгата Организирани, од страница 176, пасус 2 до страница 178, пасус 2. Накратко интервјуирај еден објавител во врска со тоа што му помага да остане ревносен во службата иако има сериозни здравствени проблеми.
10 мин.: Локални потреби.
10 мин.: Подготви се да ги нудиш списанијата во ноември. Дискусија. Одвој една до две минути во кои ќе дадеш краток преглед на списанијата. Потоа избери две-три статии и замоли ги присутните да предложат прашања и стихови што би можеле да се користат во презентација. Нека има прикази во кои ќе се види како може да се понудат овие списанија.