Распоред за седмицата од 21 март
СЕДМИЦА ОД 21 МАРТ
Песна 47 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
bt погл. 1, пас. 10-15, табела на стр. 12 (25 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Јов 6-10 (10 мин.)
Бр. 1: Јов 8:1-22 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Дали верувањето во Исус Христос е сѐ што е потребно за спасение? (rs-SB стр. 145, пас. 6) (5 мин.)
Бр. 3: Како можеме да го примениме начелото запишано во Матеј 10:16? (5 мин.)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
15 мин.: Користи ја Библијата кога одговараш на прашања. Дискусија на темел на книгата Школа за служба, страници 143-144. Во два приказа, еден објавител нека покаже како одговара на прашање што луѓето на вашето подрачје понекогаш го поставуваат. Во првиот приказ, тој точно одговара на прашањето без да ја користи Библијата. А во вториот приказ, дава одговор на темел на Библијата. Замоли ги присутните да кажат зошто е подобар вториот пристап.
15 мин.: „На 2 април ќе почнеме да делиме покани за Спомен-свеченоста.“ Прашања и одговори. Секој присутен нека добие примерок од поканата за Спомен-свеченоста, а потоа заедно разгледајте ја. Кажи што сѐ ќе биде организирано за да го обработите подрачјето на вашето собрание. Нека се прикаже како да се понуди поканата.
Песна 109 и молитва