Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 25 април 2011 год. Надгледникот на школата ќе води 20-минутно повторување темелено на материјалот обработен во седмиците од 7 март до 25 април 2011 год.
1. Во која смисла ‚мнозина од другите народи се кажувале како Евреи‘? (Естира 8:17) [w06 1/3 стр. 11, пас. 3]
2. Зошто му било дозволено на Сатана да застане пред Јехова? (Јов 1:6; 2:1) [w06 15/3 стр. 13, пас. 6]
3. Што сакал да каже Сатана кога го поставил прашањето: „Зарем Јов залудно се бои од Бог“? (Јов 1:9) [w94 15/11 стр. 11, пас. 6]
4. Зошто ни влева доверба сознанието дека Јехова има „мудро срце и голема моќ“? (Јов 9:4) [w07 15/5 стр. 25, пас. 16; w00 1/3 стр. 12, пас. 14]
5. Во која смисла изјавата на Елифаз дека човекот „пие неправедност како вода“ е одраз на Сатановиот начин на размислување? (Јов 15:16) [w10 15/2 стр. 20, пас. 1-2]
6. Што можеме да научиме од поплаката на Јов која е запишана во Јов 19:2? [w94 1/10 стр. 32, пас. 1-5]
7. Што му помогнало на Јов да остане беспрекорен? (Јов 27:5) [w09 15/4 стр. 6, пас. 17]
8. По примерот на Јов, што можеме да направиме за оние што имаат некаква потреба? (Јов 29:12, 13) [w02 15/5 стр. 22, пас. 19; w94 15/9 стр. 24, пас. 2]
9. По што се разликувал советот на Елиу од советите на другите тројца соговорници на Јов? (Јов 33:1, 6) [w95 15/2 стр. 29, пас. 3]
10. Како треба да влијае врз нас размислувањето за чудесните дела на Јехова? (Јов 37:14) [w06 15/3 стр. 16, пас. 4]