-
Моќта на љубезниот зборСтражарска кула 1994 | 1 Октомври
-
-
Моќта на љубезниот збор
„Колку љубезниот збор го освежува срцето што е потиштено од грижа!“ (Изреки 12:25, Knox).
ХРИСТИЈАНИТЕ не се имуни на несреќи. Одвреме навреме и тие доживуваат грижи поради тоа што живеат во овие ‚тешки времиња‘ (2. Тимотеј 3:1).
Кога се доживуваат такви неволји, голем благослов е да се слушнат љубезни зборови од некој лојален пријател! „Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на неволја“, вели Библијата (Изреки 17:17). За верниот човек Јов било познато дека бил ваков пријател. Дури и Елифаз за него рекол: „Кога некој ќе се препнеше, слаб и уморен, твоите зборови го охрабруваа да се исправи“ (Јов 4:4, Today’s English Version).
Меѓутоа, кога и на Јов му било потребно охрабрување, Елифаз и неговите придружници не му се обратиле со љубезни зборови. Тие го обвинувале Јов за неговата несреќа, сакајќи да кажат дека веројатно направил некој таен грев (Јов 4:8). The Interpreter’s Bible коментира: „Она што му е потребно на Јов е искрено сочувство кое доаѓа од срце. Но, тој добива низа совршено ‚точни‘ и совршено величествени религиозни клишеа и морални фрази“. Кога Јов го сослушал говорот на Елифаз и неговите придружници, се почувствувал толку разжалостен што бил присилен да извика: „До кога ќе ја мачите душата моја? До кога ќе ме измачувате со зборови?“ (Јов 19:2).
Никогаш не треба да предизвикаме некој Божји слуга да воздивнува од болка поради нашите непромислени, нељубезни зборови. (Спореди 5. Мојсеева 24:15.) Една библиска изрека предупредува: „Она што го зборуваш ќе ти го зачува или ќе ти го уништи животот; затоа мораш да ги прифатиш последиците од твоите зборови“ (Изреки 18:21, TEV).
Увидувајќи ја моќта на говорот, да го следиме примерот на апостол Павле. Кога бил во Македонија, тој ‚со многу зборови ги охрабрувал оние кои биле таму‘ (Дела 20:2, НС).
-
-
Дали би сакале да бидете посетени?Стражарска кула 1994 | 1 Октомври
-
-
Дали би сакале да бидете посетени?
Дури и во овој свет оптоварен со проблеми, можете да бидете среќни ако поседувате точно библиско спознание за Бог, неговото Царство и неговата прекрасна намера во врска со човештвото. Ако сакате повеќе информации или би сакале да Ве посети некој кој ќе води бесплатна домашна библиска студија со Вас, Ве молиме, пишете на најблиската адреса на страница 2.
-