Распоред за седмицата од 31 октомври
СЕДМИЦА ОД 31 ОКТОМВРИ
Песна 104 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
bt погл. 12, пас. 1-8, рамка на стр. 96 (25 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Изреки 22-26 (10 мин.)
Повторување во Теократската школа за служба (20 мин.)
□ Состанок за нашата служба:
10 мин.: Известувања. „Во каква состојба се?“ Говор. По говорот, нека се прикаже презентацијата од 8. страница за да се види како би можела да се започне студија првата сабота од ноември.
15 мин.: Нашиот добар изглед остава впечаток додека сме во служба. Дискусија што ја води еден старешина на темел на книгата Школа за служба, страници 131-134.
10 мин.: Подготви се да ги нудиш списанијата во ноември. Дискусија. За минута или две посочи некои од статиите што би биле интересни за вашето подрачје. Потоа, замоли ги присутните да кажат со кое прашање би го поттикнале интересот на станарот и кој стих би го прочитале во врска со уводните статии од Стражарска кула. Направете го истото и за уводните статии од Разбудете се!, а ако дозволува времето, и за некоја друга статија. Нека има прикази во кои ќе се види како може да се понудат овие списанија.
Песна 90 и молитва