Распоред за седмицата од 27 мај
СЕДМИЦА ОД 27 МАЈ
Песна 6 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
jr погл. 10, пас. 1-7 (30 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Јован 12-16 (10 мин.)
Бр. 1: Јован 12:20-36 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: На кого најпрво е применета Исусовата жртва, и со која цел? (rs-SB стр. 251, пас. 1-2) (5 мин.)
Бр. 3: Зошто Јехова со право е наречен Богот „кој дава мир“? (Рим. 15:33) (5 мин.)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Започни библиска студија првата сабота. Говор. Нека има приказ во кој ќе се види како би можеле да започнеме библиска студија првата сабота во јуни со помош на последната страница од Стражарска кула. Поттикни ги сите да се трудат да започнат студии првата сабота во месецот.
15 мин.: Залевај го семето што си го посадил (1. Кор. 3:6-9). Дискусија на темел на следниве прашања: 1) Зошто сакаш да правиш повторни посети? 2) Зошто на некои не им е лесно да прават повторни посети? 3) Како можат да ги надминат пречките? 4) Од кого можеш да побараш помош ако не ти е лесно да правиш повторни посети? 5) Кои работи ги запишуваш во врска со лицето со кое си зборувал, темата на која сте зборувале, литературата што си ја оставил и други детали? 6) Како се подготвуваш за повторните посети? 7) Зошто е добро секоја седмица да одвоиш време да правиш повторни посети?
10 мин.: „Користи ги DVD-јата кога поучуваш.“ Дискусија. Замоли ги присутните да раскажат како им користеле нашите видеокасети или DVD-ја пред да станат Сведоци.
Песна 101 и молитва