Распоред за седмицата од 15 јули
СЕДМИЦА ОД 15 ЈУЛИ
Песна 48 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
jr погл. 12, пас. 1-7 (30 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Дела 18-21 (10 мин.)
Бр. 1: Дела 20:17-38 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Дали Исус во видлив облик ќе се појави на облак и ќе ги земе верните христијани на небо додека целиот свет гледа? (rs-SB стр. 413, пас. 2-4) (5 мин.)
Бр. 3: Како ќе покажеме дека размислуваме за она што му е својствено на духот? (Рим. 8:6) (5 мин.)
□ Состанок за служба:
10 мин.: Допри до срцето на интересентот (Лука 24:32). Дискусија на темел на следниве прашања: 1) Кога водиш библиска студија, зошто е важно да истакнеш а) колку се големи Јеховината љубов и мудрост? б) колку е важно да ги применуваме библиските начела? в) колку е важно секогаш да бараме водство од Јехова пред да донесеме некоја одлука? 2) Како можеш со помош на следниве прашања да процениш дали успеваш да допреш до срцето на интересентот: а) Ти звучи ли ова логично? б) Мислиш ли дека ова е во склад со Божјата љубов? в) Како ќе ти користи ако ги применуваш ваквите совети?
20 мин.: „Млади браќа, спремни ли сте да му служите на собранието?“ Прашања и одговори. Накратко интервјуирај еден старешина или слуга-помошник кој уште како млад бил спремен да му служи на собранието. Какви задачи и обука добил пред да биде именуван како слуга-помошник? Како другите во собранието му помогнале да напредува духовно? Какви благослови има од тоа што е спремен да му служи на собранието?
Песна 85 и молитва