Распоред за седмицата од 7 октомври
СЕДМИЦА ОД 7 ОКТОМВРИ
Песна 92 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
jr погл. 15, пас. 1-6, рамка на стр. 184 (30 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Ефешаните 1-6 (10 мин.)
Бр. 1: Ефешаните 4:1-16 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Што значи најпрво да ја бараме Божјата праведност (Мат. 6:33) (5 мин.)
Бр. 3: Дали е точно дека во секоја религија има нешто добро? (rs-SB стр. 322, пас. 1-3) (5 мин.)
□ Состанок за служба:
10 мин.: Идеи за нудење на списанијата во октомври. Дискусија. Одвој од 30 секунди до една минута за да истакнеш зошто списанијата може да бидат интересни за вашето подрачје. Потоа, користејќи ја темата од насловната од Стражарска кула, замоли ги присутните да дадат предлози за прашање со кое би можеле да побудиме интерес, а потоа и за стих што би можеле да го читаме. На ист начин дискутирајте и за Разбудете се! и, ако дозволува времето, за уште една статија од секое од овие две списанија. Нека има по една презентација за секое списание.
10 мин.: Локални потреби.
10 мин.: Оние што се трудат (1. Сол. 5:12, 13). Интервјуирај двајца старешини. Какви одговорности имаат во собранието и какви други теократски задачи имаат? Како успеваат да ги извршуваат со оглед на тоа што одат на работа и имаат семејни одговорности? Како успеваат да ја задржат службата на проповедање на прво место? Како им помагаат членовите на семејството?
Песна 123 и молитва