„Дојдовме на вашата врата затоа што...“
Кога станарот ќе ја отвори вратата и ќе нѐ види, можеби ќе се праша кои сме и зошто сме дошле кај него. Што да кажеме на почетокот за да биде поспремен да нѐ сослуша? Откако ќе го поздрават, некои објавители го користат зборот „затоа“ за да ја објаснат причината за своето доаѓање. На пример, можеби ќе речат: „Ги посетуваме луѓето затоа што многумина се загрижени за сѐ поголемата стапка на криминал. Што мислите Вие...“ или „Дојдовме на Вашата врата затоа што сакаме да Ви понудиме бесплатен библиски курс“. Ако уште на самиот почеток му кажеме на станарот зошто сме на неговата врата, можеби ќе биде поспремен да сослуша што сакаме да му кажеме.